Младите во Струга, членови на Младинскиот образовен форум, велат дека се обесправени во однос на нивните врсници од поголемите градови бидејќи им недостасувале многу работи во секојдневното живеење. Велат потребен им е затворен пливачи базен, повеќе кино и театарски претстави, а им смета и смрдеата која се шири од депонијата која се наоѓа на влезот од градот.
Зима е немаме базен, депонијата кога е запалена многу смрди, во моментот немаме театар и немаме кино.Славица Јовческа, координатор на МОФ.
Проблемите и барањата преку фотографии ги претставија на саркастичен и повеќе ироничен начин, бидејќи се надеваат дека само вака ќе можат да допрат до нивните претставници во централната и локалната власт, кои со години им ветувале решавање на овие проблеми. Најинтересна е фотографијата каде младите стружани се обидуваат да пливаат на суво во руинираниот пливачки базен, кој со години пропаѓа и наместо место за спортски натпревари сега е само дувло на нарко зависници.
„Имаме голем број проблеми, но ова што го претставиме е нешто од кое како млади сме засегнати. Зима е немаме базен, депонијата кога е запалена многу смрди, во моментот немаме театар и немаме кино. Главна таргет група се младите бидејќи ако младите до сега вложеа поголеми напори и барање до властите ќе направеа притисок да ги воведат тие ветувања. Цело време се зборува за базенот, сите кажуваат дека треба да се направи, но немаме никакво решение долги години, рече Славица Јовческа, координатор на МОФ.
Во услови кога постарите потфрлија треба се повеќе младите да се вклучуваат и да се интересираат за креирање на својата заедница и на својата иднина.Димитри Голабоски, Здружение Аква од Струга.
Активностите на МОФ се дел од кампањата младинско будење каде младите од Струга имаа можност да дадат свое мислење за нивните потреби.
„На вакво нешто се одлучивме бидејќи сакавме да ги испровоцираме младите да станат свесни за проблемите кои ги имаат во општеството и за она што е нивна одговорност да покренат иницијатива и да побараат за себе, бидејќи ако не побараш нема да добиеш. Треба да знаат дека ние веќе гледаме и дека стануваме свесни за она што ни се случува и дека би направиле се за да се подобрат условите на младите во Струга“, рече Јовческа.
Од проблемите кои ги претставија младите, може да се заклучи дека постарите генерации многу потфрлија, рече Димитри Голабоски од Здружението Аква од Струга.
„Во услови кога постарите потфрлија треба се повеќе младите да се вклучуваат и да се интересираат за креирање на својата заедница и на својата иднина. Што поактивни млади тоа поквалитетна и подобра заедница ќе имаме“, рече Голабоски.