Трите блока на електро-енергетскиот стожер на Македонија, РЕК „Битола“ неколку пати не работеа во текот на годинешната грејна сезона, кога потрошувачката на струја е значително зголемена. Деновиве од електро-енергетската мрежа беше исклучен термо блокот број два кој пред четири години беше модернизиран и автоматизиран. Тоа беше второ исклучување на овој блок во месец јануари. Минатата година пак, проблеми со работењето имаше првиот блок.
Деновиве повторно не работеше блокот 2 на рударско-енергетскиот комбинат. Само пред две недели беше последниот испад на овој блок. Поради дефект. Надвор од функција до неодамна беше и блокот број еден , цели 105 дена од 6 октомври до 11 јануари. Последниот упад на блок три беше пред пет дена.Васко Ковачевски, СДСМ, Битола.
Ваквите состојби предизвикаа реакција од страна на опозиционата СДСМ од Битола. Претседателот на локалната општинска организација Васко Ковачевски запраша дали РЕК „Битола“ е пред колапс?
„Деновиве повторно не работеше блокот 2 на рударско-енергетскиот комбинат. Само пред две недели беше последниот испад на овој блок. Поради дефект. Надвор од функција до неодамна беше и блокот број еден , цели 105 дена од 6 октомври до 11 јануари. Последниот упад на блок три беше пред пет дена. Поради испадите во ризик се вработените од комбинатот зашто со вакви испади РЕК е како темпирана бомба“, вели Ковачевски.
Ковачевски уште обвини дека ваквата состојба ќе предизвика покачување на центата на струјата.
„Најголемиот енергетски производител во Македонија е во очајно катастрофална состојба иако за реконструкција на блоковите се потрошени стотици милиони евра народни пари. Ова резултира со намалено домашно производство на струја, ова ќе резултура со зголемен увоз на струја“, рече Ковачевски.
Од ЕЛЕМ демантираат дека комбинатот е пред колапс. Велат дека најчесто се работи за повремено и планско исклучување во блоковите во насока на целосна оптимизација на параметрите на котлите после извршената реконструкција и модернизација. Застој во работата на еден од блоковите зимава имало и заради екстремно ниските температури. Нагласуваат дека исклучувањето на блоковите во изминатите 30- тина години биле неодминлив дел од работењето бидејќи станува збор за сложен и комплексен процес на производство во кој се обединети многу техничко технолошки компоненти. Инаку, производството се изведува на највисоко безбедно ниво.