Достапни линкови

Програми за вработување има, вработувања тешко


Саем за вработување во Куманово.
Саем за вработување во Куманово.

Малите стопанственици најчесто велат дека младите не прифаќаат тешка работа и ниски плати. Невработените, пак, се жалат дека условите што главно ги нудат работодавачите се понижувачки и затоа одбиваат да работат.

Во Куманово има околу 20 илјади невработени, од кои половина се активни баратели на работа, покажуваат податоците во Агенцијата за вработување во Куманово, градот во кој транзицискиот период им стави клуч на сите стопански гиганти.

Со младите сега е најтешко,тие според мое мислење остануваат до три години на едно работно место. Такви се младите.
Селјо Бурими, трговец.

Иако секојдневно се зголемува бројот на високообразовани млади луѓе од сите можни профили кои бараат работа малите фирми најчесто бараат со средно образование или општи работници. Малите стопанственици најчесто велат дека младите не прифаќаат тешка работа и ниски плати, поради што и повеќе од три години ретко кој и ретко каде се задржува во една фирма. Невработените пак, се жалат дека условите што главно ги нудат работодавачите се понижувачки и затоа одбиваат да работат. И едните и другите се незадоволни.

Селјо Бурими, чија трговска фирма работи 22 години со седум вработени раскажува дека секој ден се потешко оди работата, но нема друг избор. Потребни му се уште двајца работници со средно образование или со факултет за продавач и додава дека не лесно се наоѓаат работници.

Така да гледаме да им излеземе во пресрет и на невработените и на компаниите, бидејќи програмите се многу успешни.
Влатко Поповски, Агенција за вработување.

„Со младите сега е најтешко,тие според мое мислење остануваат до три години на едно работно место. Такви се младите.“

Офелија Димиќ деценија ипол со осум работници работи во нејзина фирма за лесна конфекција. Би можела да вработи уште една работничка.Задоволна е од вработените, но дали има заинтересирани за оваа дејност таа вели:

„За текстил, не.“

Анита Трајковска Петковска во нејзината туристичка агенција има четворица вработени.

„За сега немаме потреба од нови вработувања, сосема доволно е за една туристичка агенција.“

За вработување во агенцијата таа додава дека предимство имаат тие со искуство.

Според Милорад Тренчевски раководител во Агенцијата за вработување во Куманово слободни работни места има 4 илјади и 700.

Од Агенцијата за вработување, како што вели директорот Влатко Поповски, се спроведуваат повеќе програми со кои на малите компании им се овозможува да вработуваат. Средствата ги обезбедуваат дел од буџетот, дел од фондовите на Европската унија.

„Така да гледаме да им излеземе во пресрет и на невработените и на компаниите, бидејќи програмите се многу успешни директно за невработените за проектирање, самовработување со грант, практикантска обука за бизнис, субвенционирање со што им даваме стимул на работодавачите и од една страна им помагаме и на работодавачите и на невработените“, изјави Поповски.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG