Достапни линкови

Протест - Погреб на високото образование пред Собранието

Професори, студенти и граѓани вечерва се собраа пред македонското собрание во Скопје и запалија свеќи, за, како што наведоа, погребувањето на високото образование. Во рацете држеа и некролози на кои пишуваше „Високо образование 1949-2015“.

Вечерашниот собир студентите го најавија на настанот кој се одржа претпладнево. Непосредно пред собирањето закажано за 19 часот, Собранието ги усвои измените на Законот за високо образование и покрај противењето на студентите и голем дел од професорите, кои сметаат дека со нив се урива автономијата на Универзитетот.

Категории

XS
SM
MD
LG