Луксузните автомобили беа распродадени во Русија во последниве месеци како дел од настојувањата на богатите Руси да ги претворат рубљите, кои обезвреднуваат, во нешто конкретно. Сергеј Мордовин, менаџер за продажба во салонот на Ламборџини во Москва вели:
Сите автомобили, чија цена беше во рубљи, се продадоа од нашиот салон за две недели. Немаме веќе автомобили. Нашите снабдувачи не ни доставуваат нови, бидејќи не можат да ја утврдат цената поради нејасниот курс на рубљата.Сергеј Мордовин, менаџер за продажба во салонот на Ламборџини во Москва.
„Сите автомобили, чија цена беше во рубљи, се продадоа од нашиот салон за две недели. Немаме веќе автомобили. Нашите снабдувачи не ни доставуваат нови, бидејќи не можат да ја утврдат цената поради нејасниот курс на рубљата“, вели тој.
Цените на автомобилите во Русија, поради курсот на рубљата, се менуваат толку бргу, што некои производители целосно ја прекинаа испораката.
Пазарот на автомобили го очекуваат тешки времиња во оваа година. Многу компании, кои работат како дилери, ќе банкротираат поради курсните разлики. А во нашиот бизнис се потребни многу пари, вели Сергеј Солоченко, директор за развој на една компанија за автомобили.
Се очекуваше Русија да го преземе приматот од Германија како најголем пазар за автомобили во оваа декада. Но, со ниските цени на нафтата и санкциите на Западот против Русија, кои се притисок врз руската економија, тешко дека тоа ќе се случи во блиска иднина.