Господине Зашов, колку ние како земја сме ставени пред избор, да избираме меѓу Европската унија и Русија, особено со оглед на тоа што веќе подолго време Македонија е пред вратите на Европската унија? Дали тоа Русија го користи за да направи свое влијание овде?
Се разбира дека Македонија нефаќајќи го возот за влез во ЕУ и во НАТО, се стави во една ситуација сега да размислува дали Русија ќе врши влијание на Балканот, за да ја спроведува својата политика. Мислам дека тоа, и покрај изјавата на Лавров за тоа дека Русија се спротивставува за влегување на трите земји од Балканот во ЕУ и во НАТО, мислам дека тоа не е некоја дилема за нас. Тоа во една ваква ситуација е многу хипотетички поставено и мислам дека Македонија стратешки ќе си остане на својот пат, заедно со партнерството што веќе го има потпишано со САД и со Европската унија.
Спомнавте вие за политиката што ја води Македонија, меѓутоа во последно време се повеќе се зборува дека Македонија се врти кон источните земји. Дали е тоа навистина така?
Мислам дека не е, тоа е можеби само лажна дилема и Македонија нема друг пат освен патот кон НАТО и кон Европската унија.
Се спомнува соработка со Кина, или тоа е од економска природа или од некоја друга природа?
И европските земји и членките на ЕУ соработуваат и со Русија и со Кина, зошто ние како мала земја, кандидат за членка на ЕУ да не соработуваме, тоа е навистина едно чудно прашање кое ни се поставува од страна на Европската комисија да престанеме да соработуваме со Русија или со Кина особено на економски план.
Кој е нашиот интерес на економски план во таа соработка?
Русија е гасот и со другите енергетски извори што ги има може на Македонија да и помогне пред се да се реализира долгот којшто долгорочно веќе дваесетина години и повеќе не се решава, потоа со Кина инвестициите што таа сака да ги има на Балканот се многу интересни за Македонија, особено големите проекти, кога зборувам за голем проекти размислува и за пловниот пат Солун-Дунав и за брзите железници што би требало да се изградат на Коридорот 10 од Солун до Белград и потоа на север кон Европа.