Достапни линкови

Декларација за слобода на медиумите


Медиуми, невладини организации и медиумски организации потпишаа декларација за промовирање на принципиелните ставови за остварување на уставно и законски гарантираната слобода на медиумите.

Декларацијата за промовирање на принципиелните ставови за остварување на уставно и законски гарантираната слобода на медиумите во Македонија е од исклучително значење за регулирање на оваа сфера. Таа преставува документ кој што произлегува од самите медиуми, вели Слаѓана Тасева, директорката на Транспаренси Интернеjшнaл-Македонија, од каде произлегува иницијативата, која е во рамки на проектот за поддршка на независните медиуми во земјата. Проектот е подржан и од британската невладина организација ЕРИС и ЕУ.

Декларацијата е наша, создадена, произведена од нас, од внатре, и тоа е нејзината најголема вредност и тоа е најголемата придобивка.
Слаѓана Тасева, директорка на Транспаренси Интернеjшнaл-Македонија.

„Посебно задоволство на сите учесници во овој процес ни дава фактот што самите вие, самите новинари и сите здруженија, организации и невладиниот сектор застанавте зад оваа работа. Декларацијата е наша, создадена, произведена од нас, од внатре, и тоа е нејзината најголема вредност и тоа е најголемата придобивка“, вели Тасева.

Освен нејзина промоција, декларацијата воедно беше потпишана и поддржана од неколку медиуми и новинарски и невладини здруженија. Претседателот на здружението на новинари, Насер Селмани, вели дека ако слободата на изразување е загрозена, тогаш се загрозуваат и основните начела на едно демократско општество.

Очигледно е дека ние допрва треба да ја научиме лекцијата дека во демократија, без разлика кој е на власт, некои работи не може да се направат, а една од тие работи што власта не смее да ги направи е да ја ограничи слободата на печатот.
Насер Селмани, претседател на ЗНМ.

„Ова декларација е важна затоа што на нас ќе ни даде уште една можност заеднички да настапиме и заеднички да лобираме за прашањата коишто се од заеднички интерес со цел да креираме политичка волја кај оние што донесуваат одлуки да се зафатат со решавање на проблемите“, вели Селмани.

Според него, првиот чекор е направен бидејќи медиумските и невладините организации едногласно говорат за дијагнозата на проблемите со кои се соочуваат новинарите. Преку постојано лобирање кај меѓународниот фактор, како што нагласува Селмани, добиле поддршка за медиумите, која изостанува од властите во земјата.

„Очигледно е дека ние допрва треба да ја научиме лекцијата дека во демократија, без разлика кој е на власт, некои работи не може да се направат, а една од тие работи што власта не смее да ги направи е да ја ограничи слободата на печатот“, вели Селмани.

Декларацијата била усогласувана со неколку медиуми и тоа 24 Вести, Нова ТВ, Фокус, Канал 77, Алсат, Слободен печат и Плус инфо. Телевизијата Телма била консултирана, но не се изјаснила дали сака да ја потпише декларацијата. Во усогласувањето биле вклучени и ЗНМ, ССНМ, МИМ и Центарот за развој на медиуми, како и МАН која не беше присутна на потпишувањето.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG