Господине Туремка, каква е вашата оценка за можностите за младите луѓе во Македонија финасиси да се едуцираат?
Мислам дека постојат многу можности, но тие зависат од вклученоста на различните државни институции кои се во релација со младите. Тоа се однесува на владините институции и на банките. Нашата заедничка улога со институциите е да ги комбинираме едукативните напори и да им дадеме релеванти и соодветни информации на младите како да ги користат банкарските услуги. Мислам дека постојат многу можности, но најважната работа е да ги комбинираме и интегрираме заедничките напори за тоа да се случи.
Ако на пример зборуваме за студентите и за заемите наменети за трошоци на универзитетите и за едукативни цели, тоа е правилно. По дефиниција, финансиското значење на заемот е дека тој треба да биде вратен.Артур Туремка.
Како младите во Македонија и на Балканот ги трошат позајмените пари од банките? Дали според вас ги вложуваат паметно?
Тоа е стрикно поврзано со политикита како позајмените пари се добиени и зависи од целите за кои се земени заемите. Ако на пример зборуваме за студентите и за заемите наменети за трошоци на универзитетите и за едукативни цели, тоа е правилно. По дефиниција, финансиското значење на заемот е дека тој треба да биде вратен. Тоа значи дека треба да направиме голема разлика помеѓу ризикот, во некои случаи глупавоста и соодветната причина за користењето на земениот кредит.
Како ги оценувате условите кои ги нудат банките во однос на заемите?
Јас сум претставник на компанија која не дава заеми, ние им обезбедуваме технички решенија електронски уреди на банките и небакарските институции. Но, она што јас можам да го коминтерам е дека условите треба да бидат пристапни, транспарентни и јасно дефинирани во насока на цените и конкурентноста.