Македонското МВР, во соработка со Интерпол во Атина, распиша потерница по 23-годишната прилепчанка, Дениза Маркоска, која во петокот исчезна во Грција, каде се наоѓала на привремена работа на брод. Таткото Кире Маркоски бара итно да биде решен случајот. Вели од моментот кога пред два дена од капетанот на бродот Серенисима со руски сопственици бил известен за исчезнувањето на ќерката, ништо не е преземено за нејзино пронаоѓање.
Личните работи, куферот, сè што купувала додека патувала ми ги врати нејзин колега од бродот, а телефонот и пасошот останале во грчката полиција. Исчезнувањето се случило по три часот изутрината, кога нејзин колега последен пат ја видел на задниот дел од бродот. Тука е пронајден нејзиниот мобилен телефон.Кире Маркоски, татко на исчезнатата девојка.
„Личните работи, куферот, сè што купувала додека патувала ми ги врати нејзин колега од бродот, а телефонот и пасошот останале во грчката полиција. Исчезнувањето се случило по три часот изутрината, кога нејзин колега последен пат ја видел на задниот дел од бродот. Тука е пронајден нејзиниот мобилен телефон“, вели таткото Кире.
Покрај семејството вознемирени се и пријателите и роднините на исчезната Дениза.
„Слушнав дека била на брод замината два пати, си работела и после ја снемало.“
„Бабата само рече ни го снема девојчето, исчезна од бројот, ни се јавија од компанијата дека ја нема на бродот. Добро девојче, паметно, комуникативно со сите, мирно девојче.“
Ништо не знаат, се чудат, им рекле кога ќе разбереме ќе ви јавиме, само тоа баба ѝ ми го кажа вчера, друго ништо не знаат кутрите. Кај е појдено девојчето господ го знае.соседка на семејството Маркоски од Прилеп.
„Ништо не знаат, се чудат, им рекле кога ќе разбереме ќе ви јавиме, само тоа баба ѝ ми го кажа вчера, друго ништо не знаат кутрите. Кај е појдено девојчето господ го знае“, велат соседите.
За исчезнувањето на девојката јавија и грчките медиуми. Според грчкиот портал ’Пало‘, Дениза, веќе шести ден е исчезната. Таа работела на овој брод две години, исчезнала во петокот, на средина на морето, во областа Карпатос, североисточно од Крит, во момент кога патувале од Родос кон Св. Никола. Центарот за координација, истражување и спасување издал наредба да почнат истражувањата за нејзино пронаоѓање. Мобилизирани биле глисери, приватни бродови, во потрагата е вклучен и хеликоптерот ’супер пума‘, но девојката не е идентификувана досега.
Од Министерството за надворешни работи велат дека се преземаат одредени мерки во врска со овој случај.
Во потрага по подобра егзистенција, разочарани од безработица во Прилеп, стотици млади луѓе последниве години заминаа да работат на брод. Досега ова е прв случај да исчезне вработен на бродот.