Достапни линкови

Децата од СОС детското село во посета на Прага


Децата велат дека се пресреќни што им се пружила ваква можност и дека одлично си поминуваат. Според организаторите, добро е кога на децата да им се отворат нови видици за светот.

Триесет и шест деца од СОС детското село во Скопје на возраст од 10 до 18 години се во посета на Прага, каде што за една недела имаат можност да се запознаат со убавините на главниот град на Чешка. Децата велат дека се пресреќни што им се пружила ваква можност и дека одлично си поминуваат. Невладината организација Ластовица, петта година по ред го организира престојот на децата од СОС детските села од Балканот.

Ние се надеваме дека за време на овие седум дена ќе им ги отвориме очите кон светот и кон другите луѓе што не се од Македонија. Тоа е еден начин на созревање на децата.
Добривое Солар, НВО Ластовица.

Еден од нејзините членови, Добривое Солар, вели дека целта е да им отворат нови видици на децата.

„Ние во Ластовица цела година работиме на оваа акција за да ги пречекаме децата и да видиме насмевка на нивните лица. Ние се надеваме дека за време на овие седум дена ќе им ги отвориме очите кон светот и кон другите луѓе што не се од Македонија. Тоа е еден начин на созревање на децата“, вели Солар.

Директорката на СОС детското село, Виолета Герогиевска со децата
Директорката на СОС детското село, Виолета Герогиевска со децата

Директорката на СОС детското село, Виолета Георгиевска, вели дека долго време очекувале и планирале да ја посетат Прага и биле особено радосни кога ја добиле поканата од Ластовица.

Сите се задоволни и пресреќни и едноставно се воодушевуваат на се што ќе видат.
Мирјана, родител на едно од децата.

„Од особено значење е за децата да се запознаат со културата на еден град со поинаква традиција. Тие за прв пат посетуваат една земја надвор од поранешна Југославија. За нив патувањето овозможува проширување на видиците и можност за остварување на нови пријателства“, вели Георгиевска.

Децата кога прв пат слушнаа дека ќе патуваат надвор од државата многу се израдуваа, вели Мирјана, родител на едно од децата.

„Сите се задоволни и пресреќни и едноставно се воодушевуваат на се што ќе видат“, вели таа.

Децата за време на престојот ќе ги посетат сите назначајни туристички места и знаменитости во Прага.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG