Достапни линкови

Детските одморалишта не се туристички комплекси


Министерот Диме Спасов испраќа деца од социјални семејства на бесплатен одмор.
Министерот Диме Спасов испраќа деца од социјални семејства на бесплатен одмор.

Детските одморалишта не треба да се продаваат и некој со нив да заработува пари. Тие треба да останат државни и да може да бидат искористени за работа со учениците.

Стручњаците не ја поздравуваат одлуката на владата детските одморалишта и да ги претвора во туристички комплекси и изјавуваат дека нивната намена треба да остана за да може да бидат искористени за работа со учениците.

Потребни се веќе споменав и како центри за обуки на поталентирани ученици коишто користат вакви објекти, имаат многу други активности кои се поврзани со образованието, настава во природа и слични активности, кои многу добро може да бидат вклопени.
Ненад Новковски, поранешен министер за образование.

Нивните реакции уследија по понудената продажба на шест детски одморалишта кои се руинирани и запоставени со години.

Поранешниот министер за образование Ненад Новковски смета дека овие објекти треба да останат во рацете на државата и таа да ја обезбеди потребната помош со цел овие објекти да бидат усогласени со оние што ги има и во многу други европски земји.

„Потребни се веќе споменав и како центри за обуки на поталентирани ученици коишто користат вакви објекти, имаат многу други активности кои се поврзани со образованието, настава во природа и слични активности, кои многу добро може да бидат вклопени“, вели Новковски.

Детските одморалишта не се за да заработуваат. Ваквиот потег значи дека владата не може повеќе со нив да менаџира или пак тргнуваат по таа логика дека се што може да се продаде, мора да се продаде.
Илија Ацевски, социолог.

Владата бара да влезе приватен капитал во детските одморалишта во Свети Николе, Берово, Битола, Стар Дојран и во Скопје. Со ова се отвора можност за нивно заживување, но како туристички места. Цената ќе се движи од 50 илјади до 400 илјади евра.

Социологот Илија Ацевски по објавените информации од владата во кои беше наведено дека локациите кои подолго време се нефункционални нудат услови за бизнис, коментира дека детските одморалишта не треба да бидат извор на профит.

„Детските одморалишта не се за да заработуваат. Ваквиот потег значи дека владата не може повеќе со нив да менаџира или пак тргнуваат по таа логика дека се што може да се продаде, мора да се продаде.“

Сопственик на детските одморалишта што се продаваат беше Министерството за труд и социјална политика. Во изминатите години тие не функционираа, а на пример одморалиштето на Горно Водно го посетуваа планинарите кои тука пијат чај. Социолозите не се согласуваат да се дава можност приватниот капитал да влезе во детските одморалишта, додека владата го субвенционира летувањето на семејствата на кои им е оневозможен одмор.

„Од една страна саката да дозирате популизам, од друга страна условно да фатите некаква корист од сето тоа, да работи некој со профит, тоа е таа притивречна логика.“

Инаку на бесплатно летување летово заминаа 250 деца од социјално ранливите категории, кое им го обезбеди Владата, преку проект на Министерството за труд и социјална политика.


  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG