Дури 75 отсто од младите сакаат да заминат од Македонија – е најновото истражување спроведено на СДММ по повод Меѓународниот ден на младите, ова лето и тоа пред нивните компјутери кои верувам чинат колку 3 просечни преносни компјутери. Гледајќи дека од раководството на нивните сениори ни трага ни глас (кои инаку летуваат во нивните викенд-куќи и станови во јужниот ни сосед), решиле да се обидат да излезат на оркестрирани прес-конференции, со дома направени „анализи“ за да се види дека сè уште постојат како подмладок.
Младите од СДММ сè уште живеат во времето кога владееше СДСМ и нивните најблиски ја имаа судбината на Република Македонија на дланка, користејќи да ја разграбаат, да уништат над 200 илјади семејства и да обезбедат иднина само на нивните деца и внуци.
Смешно! Иронично! Лицемерно!
Младите од СДММ најверојатно го погрешиле времето! Тие сè уште живеат во времето кога на чело на државата беа нивните родители, чичковци, дедовци, кои единствено мислеа за иднината на нивните деца. Младите од СДММ сè уште живеат во времето кога владееше СДСМ и нивните најблиски ја имаа судбината на Република Македонија на дланка, користејќи да ја разграбаат, да уништат над 200 илјади семејства и да обезбедат иднина само на нивните деца и внуци.
ДА, во времето на СДСМ, 75 отсто од младите сакаа да ја напуштат државата. Кога нивните родители беа отпуштени од работа во криминалната приватизација (над 200 илјади граѓани = над 200 илјади семејства), во времето кога беа затворени над 684 фабрики и разграбани од родителите, чичковците, дедовците на младите сегашни социјалдемократи, во времето кога СДСМ пустошеше низ Република Македонија.
Епа драги колеги од СДММ, додека Вие се бламирате на прес конференции на теми за кои што самите се убедувате дека се вистина, јас да Ви објаснам како стојат работите околу условите што ги имаа младите во времето на СДСМ и сега, во времето на ВМРО-ДПМНЕ и еднаш засекогаш да завршиме со таа тема.
Во времето на СДСМ компјутер секое дете можеше да види само ако има другарче кое е дете на некој висок член на СДСМ, а во времето на ВМРО-ДПМНЕ компјутер секое дете има на своето место во училиште. Дополнително, додека се залечуваа раните од пустошот на СДСМ, ние ги помагавме студентите кои се четврта година на факултет да купат компјутер.
Во времето на СДСМ компјутер секое дете можеше да види само ако има другарче кое е дете на некој висок член на СДСМ, а во времето на ВМРО-ДПМНЕ компјутер секое дете има на своето место во училиште.
Во време на СДСМ, се сеќавам како ученици во основно пред почетокот на учебната година одевме на импровизиран пазар за книги и купувавме искинати книги на старо за да можеме да учиме, нормално претходно продавајќи ги нашите за да можеме да си ги дозволиме. Тоа не беше случај со децата на функционерите на СДСМ, бидејќи тие купуваа нови книги во Просветно дело. Денес, во време на ВМРО-ДПМНЕ, не само што родителите немаат потреба да купуваат книги, бидејќи Владата ги обезбедува, не само што секое дете има компјутер пред себе во училиштата, сега од септември секое дете ќе има и Таблет компјутер.
Во времето на СДСМ доколку некој сакаше да продолжи на студии мораше да биде дете на висок функционер на СДСМ, затоа што партиципацијата се движеше и над 1000 евра, додека, пак, ВМРО-ДПМНЕ со својата отворена политика за младите ги намали партиципациите за државна квота на 200 евра и на приватна квота 400 евра за сите државни факултети. Отворен е Универзитетот Гоце Делчев, дисперзирани студии се распоредени по сите градови каде што има потреба и кои се плаќаат 100 евра, за да не мора секој да оди во Штип, Битола или Скопје да студира и да се изложува на дополнителни трошоци, нешто што во време на СДСМ беше незамисливо.
Во време на СДСМ не беше мрднато со прст за студентските домови и сместувачките капацитети. Во време на ВМРО-ДПМНЕ изградени се целосно нови, современи сместувачки капацитети во рамки на студентскиот дом Стив Наумов, почнува реконструкцијата на студентскиот дом Гоце Делчев, а потоа и изградба на целосно нов студентски дом на местото на постојниот Невена Ѓорѓиева-Дуња. Само до сега се вложени над 200 милиони денари во студентските домови.
Во време на СДСМ стипендии студентите и учениците можеа да земат под услов ако и само ако нивните родители се истакнати членови на СДСМ. Во време на ВМРО-ДПМНЕ доволно е само да го отворите веб-сајтот на Министерството за образование и сè ќе Ви стане јасно.
Во време на СДСМ изградени се 0 (нула) основни и средни училишта. Во време на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 наваму изградени и реконструирани се над 290 основни и средни училишта. Дури 290 повеќе од СДСМ.
Во време на СДСМ изградени се 0 (нула) градинки за најмладите. Во време на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 навака изградени се 17 нови и реконструирани се 44 градинки. Дури 61 повеќе од СДСМ.
Во време на СДСМ ниедно дете од социјално ранливите категории не можеше да си дозволи да оди на одмор. Во време на ВМРО-ДПМНЕ секоја година од 2012 навака заминуваат по 3.000 деца на бесплатен летен или зимски одмор.
Во време на СДСМ не се вработуваа млади луѓе, туку се отпуштаа и оние што беа веќе вработени. Во време на ВМРО-ДПМНЕ отворени се над 120 илјади работни места, а воведена е мерката за младите до 29 години на која посебно сум горд, преку која се вработени над 2.600 млади луѓе за само четири месеци или да Ви дообјаснам - над 20 млади луѓе се вработуваат дневно. Денес младите сè повеќе и повеќе се одлучуваат на отворање сопствени бизниси преку поволностите кои ги нуди Владата, додека, пак, во време на СДСМ ако не беа тате, чичо, дедо, вујко, ниеден млад човек не можеше ни да помисли да отвори сопствен бизнис.
И да не заборавиме, СДСМ го кажаа најголемото „ветување“ на сите времиња, дека ќе вработат по еден човек од секоја фамилија. Најверојатно мислејќи на нивните најблиски од нивните фамилии. Наспроти тоа ВМРО-ДПМНЕ веќе отвори 120 илјади работни места и во наредните четири години ќе отвори уште 64 илјади работни места. А може и повеќе.
Набројав само девет причини зошто младите девет пати по ред на изборите им ја даваат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, а ги има многу повеќе. Лицемерно е СДММ да зборуваат за лошите услови за живот на младите во државава бидејќи нивните родители, чичковци и дедовци уништија илјадници судбини на млади луѓе во Република Македонија. Престанете со креирање на лажни анализи бидејќи никој не Ви верува. Ниту Вие самите не си верувате.