Достапни линкови

24 години успешна мисија! 23 години младината за Македонија!


Владимир Нелоски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
Владимир Нелоски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Каква зрелост, какво разбирање на времето кое живеат. На покажаниот ентузијазам, на желбата да се работи, без интернет и современи комуникациски средства, пишува претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа, која, како што вели, им ја посветува на сите заслужни членови на Унијата на млади сили, од почетокот до денес.

Создавањето на независна Македонија како историски чин беше најголема желба на многу искалени патриоти и саможртвеници. Во немирните 90-ти, времињата на нашите родители, се создаваше суверена Македонија. Вестите од фронтовите во Југославија, збунетоста на тогашната политичка елита, и претстоечката борба за афирмација на нашата татковина го испишувале тоа време. Но не постои пример кога во исчекувачки времиња, младината изостанала да биде носител на големи промени. Секогаш било така, па и тогаш.
Каква зрелост, какво разбирање на времето кое живеат. На покажаниот ентузијазам, на желбата да се работи, без интернет и современи комуникациски средства.

Младите во 1990 беа гласот на Македонија, дека мора да се оди напред, да се разберат околностите и да се чекори кон сопствена држава. Но најпрво мораше да биде создадена нашата партија ВМРО-ДПМНЕ, од луѓе демократи, луѓе со визија кои одлично знаеле што треба да се прави. Од место во место, од град во град, под будното око на тогашните власти и бојкотот на режимските медиуми, се ширеа идеалите на Демократската партија за македонско национално единство. Желбата за демократијата, македонските граѓани ја потврдиле на првите повеќепарламентарни избори, каде ВМРО-ДПМНЕ однесе победа.

Во сите овие премрежја и настани, младите не стоеле настрана. Напротив се приклучуваа во новоформираната национална партија. Се бунтуваа против заминувањето на македонските регрути на фронтови кои не биле наши, во извонредно тешки услови ја делеле програмата на ВМРО-ДПМНЕ, ги ширеа идеалите на Илинден, тагуваа за смртта на младиот Гешовски од Кавадарци.

Ме радува што УМС е успешна приказна, со континуитет. Минаа многу луѓе низ неа, постигнуваа и доживуваа падови. Но секогаш беа напред, на браникот.
Токму тоа ме прави горд на моите претходници. Каква зрелост, какво разбирање на времето кое живеат. На покажаниот ентузијазам, на желбата да се работи, без интернет и современи комуникациски средства. Морам да ги споменам и Комитите, тие дале огромен придонес за патриотската настроеност на македонската младина. Дури можеме да ги сметаме за зачетници на она што денес го правиме.

Денес Унијата на млади сили слави јубилеј. Сега е 2014, имаме нови предизвици пред нас и нови соочувања. Ме радува што УМС е успешна приказна, со континуитет. Минаа многу луѓе низ неа, постигнуваа и доживуваа падови. Но секогаш беа напред, на браникот. Ако се околностите и задачите различни од 1991 и 2014, поривот е ист. Работиме за Македонија, затоа што многу ја сакаме.
XS
SM
MD
LG