Арогантна власт која не сака спротивставено мислење, туку го сече до горен противникот, создава атмосфера во која опозицијата е немоќна да делува, коментираат експертите.
Во Македонија постои логиката на уништување на спротивното, не на победување. Таа логика секогаш се повторува. Во такви односи денешната опозиција, и ДПА и СДСМ, многу тешко делуваат, немаат начин, немаат терен, немаат воздух за да делуваат.Алајдин Демири, политички аналитичар.
Опозицијата се жали дека нема простор за поактивно дејствувањe. По жестокиот настап пред и за време на изборите, СДСМ се повлече. Прес конференциите и вадењето на скандалите на виделина, се проретчија, опозиционерите го бојкотираат парламентот, СДСМ не се произнесе за ниту едно битно прашање во овој период. Летните горештини дополнително ја намалија нивната активност, па ретко кога може да се чуе глас од нив. Одвреме навреме ќе реагираат на новите споменици, зголемениот долг, на некоја друга владина одлука. И со опозицијата од албанскиот блок е слично, со таа разлика што тие се во парламентот. Експертите велат дека во ваква политичка консталација само времето може да помогне.
„Во Македонија постои логиката на уништување на спротивното, не на победување. Таа логика секогаш се повторува. Во такви односи денешната опозиција, и ДПА и СДСМ, многу тешко делуваат, немаат начин, немаат терен, немаат воздух за да делуваат“, вели политичкиот аналитичар Алајдин Демири.
Без тоа убедување кај граѓаните опозицијата ќе биде немоќна, бидејќи власта ја има силата, опозицијата мора да ја има поддршката од граѓаните и тоа категорично поголема за да може нешто да направи на подолг рок.Здравко Савески, универзитетски професор.
Toj вели дека ДПА чека времето да помине и евентуално нешто да ќари на следните избори, додека обидите на СДСМ како бојкот на парламентот наидуваат на глува власт. Демири вели дека власта тврдоглаво ќе си тера вака уште некое време.
Професор Здравко Савески вели дека политичката ситуација е доведена до таа точка, опозицијата да не може да влијае на општествените текови. Во демократските општества опозицијата критички се осврнува на владините ставови, но во Македонија власта е до толку арогантна што кој било да е против нејзе, и колку и да има аргументи за нешто, не може воопшто да влијае, вели Савески. Тој додава дека во една ваква ситуација опозицијата мора да покаже морална доблест, да и убеди граѓаните дека е морално поисправна опција која не ја интересира само да дојде на власт, туку да овозможи граѓаните подобро да живеат, откако тие ќе дојдат на власт.
„Без тоа убедување кај граѓаните опозицијата ќе биде немоќна, бидејќи власта ја има силата, опозицијата мора да ја има поддршката од граѓаните и тоа категорично поголема за да може нешто да направи на подолг рок. Тоа може да се случи само на подолг рок, бидејќи на многу краток рок власта веќе ги контролира нештата, за да може нешто опозицијата да направи.“
Народот во сето ова не и ни најмалку невин, додаваат експертите. Луѓето се маргинализирани, и се оддава впечаток дека за ништо не ги интересира, но тоа може да трае се додека не ги удрат силно по џебот, велат експертите. Сега засега нема начин и нема кој, нема партија што ќе го организира народот, вели Демири. Савески додава дека изразувањето на незадоволството преку протести треба да биде помасовно, оти ако сите дома само вербално се незадоволни, а никој не излезе на улица, власта ќе го претстави дека премалку луѓе се против нејзе, и таа има подршка од граѓаните.