Достапни линкови

Неколку стотини граѓани мирно протестираа против „Монструм“


Мирни протести против Монструм
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:50 0:00

Мирни протести против Монструм

Иако беше најавено дека протестот ќе заврши пред споменикот на Скендербег во Старата Чаршија, полицискиот кордон повторно беше поставен пред трговскиот центар Мавровка и не им дозволи на демонстрантите да продолжат.

Неколку стотини Албанци и денеска излегоа на мирни протести во Скопје поради незадоволство од пресудите во случајот Монструм. Иако беше најавено дека протестот ќе заврши пред споменикот на Скендербег во Старата Чаршија, полицискиот кордон повторно беше поставен пред трговскиот центар Мавровка и не им дозволи на демонстрантите да продолжат. По неполн час демонстрантите мирно се разотидоа.

Со ова што се случува во Македонија бидете уверени дека им оставате лошо наследство на сите граѓани. И на Македонците. Затоа што судот во иднина можеби и против вас ќе работи со измислени докази и со заштитени сведоци.
Бедри Хајдари, брат на еден од осудените на доживотен затвор во случајот Монструм.

Организаторите на протестот тврдат дека осудените во случајот Монструм не се виновни и оти се осудени врз база на измислени докази.

„Со ова што се случува во Македонија бидете уверени дека им оставате лошо наследство на сите граѓани. И на Македонците. Затоа што судот во иднина можеби и против вас ќе работи со измислени докази и со заштитени сведоци“, изјави Бедри Хајдари, брат на еден од осудените на доживотен затвор во случајот Монструм.

Организациониот координативен совет за протестите бара прогласување на осудените во „Монструм“ за невини и нивно обештетување, разрешување на обвинителката Гордана Гешковска и на судијата Ивица Стефановски и нивно кривично гонење поради злоупотреба на службената должност, оставка на министерката Гордана Јанкулоска поради злоупотреба на службената должност, со тоа што, како што велат, таа ги прогласила за виновни осудените уште по нивното апсење. Тие бараат и ослободување шестемина осудени Албанци на по три години затвор за насилствата на протестите минатиот месец. Бараат и надзор од меѓународен претставник врз правниот систем, како и министерот за правда, кој е од ДУИ, да се изјасни за пресудите и во случајот Монструм и за пресудите врз демонстрантите.

Шестмина Албанци пред месец и половина во случајот наречен Монструм беа осудени на доживотен затвор за петкратното убиство кај Смиљковското Езеро пред Велигден во 2012 година.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG