Достапни линкови

Демонстрантите против пресудите за "Монструм" сакаат пред влада


Мирно завршија протестите за случајот "Монструм"
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:42 0:00

"

Демонстрантите против случајот Монструм сакаа да ги соопштат нивните нови барања на протест пред владата, но полицијата не им дозволи да продолжат од ТЦ Мавровка.

Во доста помал број демонстрантите денеска тргнаа од Јаја пашината џамија и стигнаа до Мавровка, но како и минатиот пат токму тука беа спречени да стигнат до зградата на владата. Полицијата која исто така беше во помал број од минатите протести, ги спречи во намерата, за како што тврдат организаторите, уредно пријавениот протест во полиција.

Бедри Хајдари, брат на еден од осудените во случајот „Монструм“, во име на организаторите рече дека имаат дополнителни барања, но дека инсистираат да ги соопштат пред зградата на Владата, кадешто имале намера да стигнат на денешниот протест, но биле спречени од страна на полицијата.

Бараат прогласување на осудените за невини и нивно обештетување, разрешување на обвинителката Гордана Гешковска и на судијата Ивица Стефановски и нивно кривично гонење поради злоупотреба на службената должност и оставка на министерката Гордана Јанкулоска.

Инаку кога се појави формалниот организатор на протестите пред 2 недели тие ги изнесоа своите барања, меѓудругото бараат прогласување на осудените за невини и нивно обештетување, разрешување на обвинителката Гордана Гешковска и на судијата Ивица Стефановски и нивно кривично гонење поради злоупотреба на службената должност и оставка на министерката Гордана Јанкулоска поради злоупотреба на службената должност.

И на денешниот протест имаше слични извици како и на минатите, насобраните извикуваа?„ Јанкулоска терорист“ и „УЧК, УЧК“, а носеа и пароли на кој пишуваше дека случајот „Монструм“ е донесен под диктат.

Скопскиот кривичен суд неделава одлучи шест од обвинетите за насилните протести на 4 јули да добијат затворска казна по 3 години. На тие протести беа повредени дваесетина полицајци и беше направена поголема материјална штета.

По донесувањето на судската пресуда за случајот „Монструм“, демонстрантите три петока по ред по молитвата во Јаја пашината џамија протестираа против изречените доживотни казни. Првиот протест беше и најжесток, а следните поминаа во помирна атмосфера. Денешните протести следуваат по еднонеделна пауза поради верскиот празник Рамазан Бајрам.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG