Достапни линкови

Со формален организатор до мирни протести против „Монструм“


Организатор и редари за мирни протести против „Монструм“
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:19 0:00

Организатор и редари за мирни протести против „Монструм“

На чело на протестите освен организаторот Бедри Хајдари, можеше да се забележат и струшкиот градоначалник Зијадин Села и поранешниот пратеник Хисни Шаќири, кои им се обратија на насобраните.

Денешните протести поради пресудата во случајот „Монструм“ мирно завршија. Ова беа први протести по донесувањето на пресудата, на кои се појави формален организатор т.н. Организационен совет на чело со Бедри Хајдари, брат на Фејзи Азири кој е осуден во случајот „Монструм“.

Иако беше најавено дека ќе завршат пред скопскиот Кривичен суд, полицијата не им дозволи да стигнат до судот и го постави кордонот пред трговскиот центар Мавровка. Откако организаторите ги прочитаа нивните барања, демонстрантите мирно се разотидоа.

Јавно го повикуваме Народниот правобранител, Хелсиншкиот комитет, ОБСЕ и сите релевантни фактори во земјава да одат да ги посетат притворените во претходните протести, бидејќи сме загрижени за нивното здравје.
Бедри Хајдари, организатор на протестите.

Тие бараат прогласување на осудените во „Монструм“ за невини и нивно обештетување, разрешување на обвинителката Гордана Гешковска и на судијата Ивица Стефановски и нивно кривично гонење поради злоупотреба на службената должност, оставка на министерката Гордана Јанкулоска поради злоупотреба на службената должност, со тоа што, како што велат, таа ги прогласила за виновни осудените уште по нивното апсење. Демонстрантите бараат и итно ослободување на сите притворени за време на протестите во Скопје и во Тетово, изјави организаторот на протестите Бедри Хајдари.

„Јавно го повикуваме Народниот правобранител, Хелсиншкиот комитет, ОБСЕ и сите релевантни фактори во земјава да одат да ги посетат притворените во претходните протести, бидејќи сме загрижени за нивното здравје“, рече Хајдари.

Инаку протестите и овој пат почнаа во 13 и 30 пред Јаја-Пашината џамија во Скопје, по петочната молитва. Тргнаа неколку стотини луѓе, на Бит Пазар им се приклучи уште една група од неколку стотини луѓе. На чело на протестите освен организаторот Бедри Хајдари, можеше да се забележат и струшкиот градоначалник Зијадин Села и поранешниот пратеник Хисни Шаќири, кои им се обратија на насобраните.

Демонстрантите извикуваа „Али предавник, Мендух војвода“, „Бараме слобода, бараме правда“, „Стоп за монтираните процеси“, „Етничка Албанија“, Јанкулоска е терорист“. Овојпат покрај со транспаренти на албански, носеа и транспаренти на македонски, а имаше и на англиски јазик.

Во меѓувреме, Тетовскиот суд на десетината агресивни демонстранти за случајот „Монструм“ денеска им определи казни. Осуммина „заработија“ по 2,5 години условно, додека на двајца, кои се ослободени по осумдневниот притвор, ќе им се суди во редовна судска постапка.

Инаку в понеделник пред суд ќе бидат изведени осуммина демонстранти кои пред две недели учествува на насилните протести пред скопскиот Кривичен Суд и на Бит Пазар. Обвинителството ги товари дека како учесници во поголема група на протестите предизвикале нереди при што со камења и со други предмети ги оштетиле фасадите на објектите и повредиле неколкумина полицајци. Главни докази на Обвинителството се видео снимките коишто МВР ги направи за време на наредите и преку кои биле идентификувани насилниците.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG