Протестите почнуваат после петочната молитва, а имаат и исламска симболика. На нив пак се слуша и познатиот верски извик „Алах е голем“. Несомнено незадоволството од пресудата во судскиот процес „Монструм“ доби верска конотација која ја осуди и лично поглаварот на Исламската верска заедница Реис ул-улема Сулејман Реџепи во колумна за весникот Коха.
Таквите лица, без сомнение, се вклучени со цел да се девалвира национален или верски протест.Дел од колимна на поглаварот на Исламската верска заедница Реис ул-улема Сулејман Реџепи.
„Јас лично повеќе би ги мавал лицата што манипулираат со протестите отколку да го изразувам гневот кон полицијата“, реагираше Реисот категорично осудувајќи ги манипулациите што се појавиле на протестите на кој оцени дека имало премногу хорор. За него се неприфатливи странските знамиња со арапски текстови, кои биле знамиња на како што пишува обични манипулатори.
„Таквите лица, без сомнение, се вклучени со цел да се девалвира национален или верски протест“, нагласува Реџепи и предупредува дека било „многу ризично“ да се организираат протести чиј организатор не се знаел и тие станувале девалвирачки и штетни.
Ова е генерално добра насока, работата е што тука верата не е вовлечена од верските заедници, туку е вовлечена од страна на обвинителката и наведеното време на извршување на злосторството.Рамадан Рамадани, аналитичар.
Според аналитичарот Рамадан Рамадани, ваквите изјави на верските поглавари одат во насока на смирување на тензиите.
„Ова е генерално добра насока, работата е што тука верата не е вовлечена од верските заедници, туку е вовлечена од страна на обвинителката и наведеното време на извршување на злосторството“, оценува Рамадани.
Во меѓувреме додека за утре се најавуваат нови протести пред Јаја пашината џамија, на социјалните мрежи почнаа да кружат повици за контра протести на кои како што се наведува Македонците ќе ги пречекале Албанците пред владата.
Често пати се манипулира или се злоупотребува верата за лични цели и за некои други поинакви цели, а се манифестира кобајаги дека се заинтересирани за овие работи, било од едната, било од другата страна.Владиката Тимотеј.
Според испитувањето на јавното мислење, пак, спроведено од Институтот за демократија, а објавено деновиве, граѓаните со 39, 1 отсто сметаат дека за смирување на меѓуетничките инциденти вистинската адреса се верските заедници.
Портпаролот на Синодот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија владиката Тимотеј вели дека верските заедници , пред се најголемите МПЦ и ИВЗ ако искрено сакаат можеле да придонесат за намалување на тензиите. Тој додава и дека тие досега излегувале во јавноста кога ќе оценеле дека има потреба да се вклучат во смирување на состојбите.
„Во овој случај наш повик е безпредметен, бидејќи станува збор за друга верска заедница, за други луѓе коишто се декларирираат дека се верници, а прашање е колку објективно се тие верници. Често пати се манипулира или се злоупотребува верата за лични цели и за некои други поинакви цели, а се манифестира кобајаги дека се заинтересирани за овие работи, било од едната, било од другата страна и не ја исклучувма во тој поглед ниту православната, ниту исламската зедница“, смета Тимотеј.