Протестите поради „Монструм“ мирно завршија
За разлика од минатата недела, денешните протести беа мирни и за разлика од минатиот петок беше забележливо дека има редари кои се грижеа да не дојде до поголеми инциденти. Овојпат не можеше да се забележат зелени саудиски знамиња, туку само албански знамиња и транспаренти на албански јазик.