Градските власти во Охрид ветија дека ќе ги решаваат проблемите во туристичката населба Трпејца на брегот на Охридското Езеро. Македонското Сен Тропе и оваа туристичка сезона се соочува со истите маки, проблеми со водоснабдувањето, фекалната канализација, како и со недостигот од паркинг места.
Ние уште од минатата година поведовме широка иницијатива за решавање на проектот за фекална канализација во селото Трпејца и секако за изградба на една пречистителна станица. Во тек се финалните подготовки за основниот проект.Никола Бакрачески, градоначалник на Охрид.
Градоначалникот Никола Бакрачески рече дека при неговата посета на Трпејца пред неколку дена со жителите разговарале за начините како може да се подобри остатокот од летната сезона, но и дека ќе се надмине проблемот со слабиот притисок на водата во текот на летните месеци.
Од поодамна тие проблеми постојат и кои до денес не се решени. Тоа се изградбата на пречистителната станица, проблемот со паркинг просторот. Имаме проблем со дислокација на трафостаницата, уличното осветлување и некои технички проблеми кои се јавија со изградбата на новата водоводна мрежа.Пере Анѓелески, Месна заедница во Трпејца.
„Ние уште од минатата година поведовме широка иницијатива за решавање на проектот за фекална канализација во селото Трпејца и секако за изградба на една пречистителна станица. Во тек се финалните подготовки за основниот проект. Ќе имаме можност да одлучиме дали тие средства ќе ги одделиме само од локалната самоуправа или ќе побараме други начини на финансирање. За овој проект уште минатата година поднесовме документација до Секретаријатот за Европски прашања и со поранешниот кинески амбасадор договаравме донација од кинеска влада“, рече Бакрачески.
Другата можност е потребните средства да се обезбедат преку Центарот за развој и меѓународна соработка на Словенија.
Пере Анѓелески од Месната заедница во Трпејца вели дека проблемите со кои се соочува населбата се стари неколку години и оти истите до денес не се решени.
„Од поодамна тие проблеми постојат и кои до денес не се решени. Тоа се изградбата на пречистителната станица, проблемот со паркинг просторот. Имаме проблем со дислокација на трафостаницата, уличното осветлување и некои технички проблеми кои се јавија со изградбата на новата водоводна мрежа“, рече Анѓелески.
Милчо Јованоски, жител на Трпејца, вели дека цените на услугите во Охрид и Трпејца не се променети неколку години, но оти за повеќе гости потребни се многу повеќе содржини.
„Јас мислам дека на Охрид му недостига комплетна заедничка понуда каде ќе има и култура и туризам и сето тоа што го нудиме во летниот период. И тие пропагандни машинерии треба да ги почнеме многу порано, а не кога ќе дојде јули или август месец“, вели тој.
Туристка од Скопје која секое лето е во Трпејца вели дека оваа сезона е карактеристична пред сè поради променливото време, но и интересна поради зголемениот број на странци.
„Има многу странци. Прв пат доаѓаат од други држави и што е многу добро. За прв пат застануваат бродовите овде кои одат до Свети Наум. Не постои странец што не бил воодушевен од она што ќе го види и вели дека ова е рајот на светот. И ред е ова да чини, ајде седете дома и да чини како што чини дома“, вели една туристка.