Достапни линкови

Мировна унија на боиштето на Фландрија


Архива.
Архива.

Лидерите на Европската унија денеска ќе присуствуваат на свечената церемонија за одбележување на 100-годишнината од избувнувањето на Првата светска војна. Потоа следува самитот на кој клучна тема е избор на нов претседател на Европската комисија.

На настанот што ќе се одржи на боиштата во Фландрија, лидерите ќе ја повторат заложбата за градење на мировна унија.

Британскиот премиер Дејвид Камерон вчера рече дека ќе се спротивстави на изборот на Жан Клод Јункер. За Камерон, Јункер е федералист кој сака приближување на членките на ЕУ во време кога британските јавното мислење подржува преиспитување на односите на Лондон со Брисел.

Но, церемонијата во Белгија е само почеток на дводневниот самит на Европската унија. Главно на агендата се очекува да биде прашањето кој ќе застане на моќната позиција претседател на Европската комисија.

Британскиот премиер Дејвид Камерон вчера рече дека ќе се спротивстави на изборот на Жан Клод Јункер. За Камерон, Јункер е федералист кој сака приближување на членките на ЕУ во време кога британските јавното мислење подржува преиспитување на односите на Лондон со Брисел.

Жан Клод Јункер
Жан Клод Јункер

Германската канцеларка Ангела Меркел, пак, се залага токму Жан-Клод Јункер од Луксембург да биде следен претседател на Европската комисија. За ова беше одржан дводневниот состанок во Шведска пред две недели меѓу премиерите на Британија, Холандија и Шведска, Дејвид Камерон, Марк Рут и Фредрик Рајнфелд и германската канцеларка.

Јункер инаку е поддржан од страна на Европската народна партија, најголемата централно-десничарската групација во Европскиот парламент.

Лидерите исто така се очекува да дискутираат и за можните идни санкции за Русија поради кризата во источна Украина. Во меѓувреме, Украина заедно со Грузија и Молдавија ќе потпишат клучни политички и економски спогодби со ЕУ кои се очекува да ги приближат до Брисел, а дополнително да ги одалечат од Москва.

  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG