Земјите од Европската унија прават напори да ги усогласат ставовите во врска со кризата во Украина и покрај единството во врска со осудата на акциите на Русија. Ова го изјави претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, кој оцени дека украинската криза е најголема закана за безбедноста на Европа од паѓањето на Берлинскиот ѕид, со поголем потенцијал за дестабилизација од војните на Балканот во 90-тите години.
Земјите од Европската унија ја поддржуваат Украина и велат дека Русија треба да сноси последици за дестабилизацијата, но се уште немаат единствен став за тоа со какви мерки треба да ја казнат Москва. За ова прашање се уште се дискутира, изјави Баросо.
Европската унија веќе воведе одредени санкции против Русија, но Баросо нагласува дека ќе биде тешко да се усогласи секој нареден чекор.
Најголем проблем е зависноста од руски гас. Германија инсистира на поактивна дипломатија, додека Велика Британија и Франција се залагаат за посериозни санкции. Се проценува дека германската економија ќе има за 0,9 отсто помал економски раст годинава доколку ЕУ воведе поостри санкции против Русија. Баросо, кој над 20 пати се состануваше со Путин, смета дека неговите амбиции за поблиски врски со државите од поранешните советски републики и намерата да креира Евроазијска унија,стојат зад кризата во Украина. Путин сака да создаде пандан на Европската унија, оценува Баросо.
Тензиите со Русија и во кампањата за изборите за Европскиот парламент
Европските партии кои заговараат поблиски врски во Европската унија јавно го осудуваат однесувањето на Путин, но од друга страна, можат и да му бидат балгодарни што откривањето на неговото вистинско лице им покажува на гласачите во Европа колку е важно обединувањето во Европската унија. Евроскептиците, противниците на мерките за штедење, на бриселската бирокартија, на еврото, кои можеа да се надеваат на голем број гласови од истомисленици низ Европа, сега, со сликите од воената парада во Москва, случувањата во Украина, заканата од нова војна во Европа, можеби ќе се потсетат и на важноста на Европската унија во зачувувањето на мирот во Европа во последниве 6 децении. Путин ги потсети дека ризиците од војна не се поминати.
Така, кризата во Украина се најде во фокусот на изборната кампања на многу партии кои имаат кандидати за Европскиот парламент, тема на многу дебати и соочувања на концепти за ЕУ.
Жан Клод Јункер, кој е кадидат за претседател на Европската комисија, изјави за Ројтерс дека визијата за Европа, како мировен проект, повторно е релевантна. Таквиот став во последниве години се сметаше за застарен, но сега откриваме дека не е, вели тој.
Аналитачарите проценуваат дека и голем број гласачи ќе се определат за политика на сигурност и стабилност отколку да си ја пробуваат среќата со радикални или евроскептични партии. Надворешната политика на ЕУ станува битна на овие избори, за разлика од претходните, главно поради Украина. Но, аналитичарите додаваат дека е неопходно и Европската унија да покаже единство и ефикасност во реакциите на однесувањето на Русија. Тоа секако ќе има и последици врз некои земји членки на ЕУ.
Евроскептиците, пак, ќе сакаат да ја искористат кризата во Украина и да придобијат поголема подршка од гласачите со ставовите дека ЕУ не е способна заеднички да реагира и дека сноси вина за нова Студена војна со Русија.
Германија инсистира на поактивна дипломатија, додека Велика Британија и Франција се залагаат за посериозни санкции.
Земјите од Европската унија ја поддржуваат Украина и велат дека Русија треба да сноси последици за дестабилизацијата, но се уште немаат единствен став за тоа со какви мерки треба да ја казнат Москва. За ова прашање се уште се дискутира, изјави Баросо.
Европската унија веќе воведе одредени санкции против Русија, но Баросо нагласува дека ќе биде тешко да се усогласи секој нареден чекор.
Путин сака да создаде пандан на Европската унија.Жозе Мануел Баросо, претседател на Европската комисија.