Достапни линкови

Политички дијалог со „странска асистенција“


Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

Во иницијативата на премиерот Груевски за средба со лидерот на опозицијата, улога има и меѓународната заедница, посочуваат домашните аналитичари.

На последната иницијатива на премиерот Груевски за средба со лидерот на опозицијата, експертите гледаат како обид да се отстранат причините за политичка криза во земјава и дополнуваат дека во ова улога има и меѓународната заедница која постојано нè советува да го подобриме политичкиот дијалог во земјата.
Кандидатскиот статус е нешто што нè поврзува со нашите странски партнери, така што не ја исклучувам можноста тие да инсистирале или го охрабрувале Груевски тоа да го стори.
Алберт Муслиу, политички аналитичар.


Ситуацијата во која опозицијата не е во парламентот и не ги признава резултатите од изборите не е прифатлива за земја кандидат за членство во ЕУ, вели аналитичарот Алберт Муслиу, кој дополнува дека тоа ги објаснува мотивите на премиерот да прифати разговори со опозицијата и оти во исто време тоа го објаснува и тајмингот на средбите.
Архивска фотографија.
Архивска фотографија.


„Кандидатскиот статус е нешто што нè поврзува со нашите странски партнери, така што не ја исклучувам можноста тие да инсистирале или го охрабрувале Груевски тоа да го стори, но во секој случај дел се нашите меѓународни партнери, дел е самата ситуација која влијае на статусот што ние го имаме со ЕУ“, вели Муслиу.
Секако би се согласил дека постојат и притисоци коишто доаѓаат до надвор да седнат на иста маса со цел да се искристализираат ставовите на двете страни.
Горан Илиќ, политички аналитичар.


Во врска со потребата од комуникација меѓу лидерите на власта и опозицијата постојат повеќе фактори, вели професор Горан Илиќ, кој нагласува дека она што се појавува како симбол на ова време е дека во Македонија дефинитивно постои насушна потреба од дијалог, тргнувајќи од поделеноста во општеството по најразлични линии од партиски до етнички поделби.

„Секако би се согласил дека постојат и притисоци коишто доаѓаат до надвор да седнат на иста маса со цел да се искристализираат ставовите на двете страни и колку што се може повеќе да се нивелираат евентуалните конфликти или евентуалните прашања коишто би предизвикале политички конфликт во Република Македонија“, вели Илиќ.

Меѓутоа, експертите нагласуваат дека не е важно само да се изврши процедурата и да се сретнат лидерите на опозицијата и власта, туку дека од исходот зависи целата разрешница на политичката ситуација во земјава. Не е битен само дијалогот, туку најбитен е исходот, велат тие. Ова го кажува и премиерот, кој во последното интервју вели дека ќе има потреба од повеќе средби. Разрешница на парламентарната криза треба да има во септември пред новиот извештај на ЕК за Македонија. Во овој момент тешко е да се предвиди дали разговорот ќе значи враќање на опозицијата во Парламентот или само формалност колку да се покаже дека владата е конструктивна и сака да соработува колку да покаже дека не сака да ја изгуби препораката.

„Не верувам дека е само купување време, затоа што периодот што е потребен сето ова да се надмине е предолг за да може само да се купува време, така што верувам дека интенцијата да се влезе во преговори е сериозна и искрена. Неизлегувањето од овој ќорсокак во кој се најдоа двете страни сигурно дека може сериозно да влијае врз можноста за губење на препораката“, вели Муслиу.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG