„Пеце Атанасоски“, фестивалот на народни инструменти и песни, годинава одбележува 40-годишен јубилеј. Овој единствен фестивал во Македонија којшто вложува максимални напори во негувањето и промоцијата на македонското изворно наследство се уште не ја оствари целосно целта.
И по 4 децениски живот, не е уреден просторот на Рудина кај Долнени, каде настапуваат бројните инструменталисти и вокалисти. Па две години фестивалот се одржуваше во Прилеп на мала бина, но не во автентичен амбиент. Годинава, како што вели директорката Весна Вучиќ, стигнуваат позитивни сигнали од локалната самоуправа во општина Долнени, за уредување на овој простор.
„Се уште не е постигнат, пак велам дека е ова чекор, затоа што местото му е да се одржува таму. Сметам и се уште тврдам дека доколку не излеговме, не направевме пауза со Долнени, немаше со толку жар да не посакаат да бидеме дел од нив. Многу работи ќе треба да се променат за да си ја добие фестивалот вистинската физиономија“, вели директорката Вучиќ.
Според неа и средствата кои се добиваат од Министерството се помалку од половина од потребните. Постојано фестивалот бара милион денари за да ги реализира заложбите и проектите кои стојат во фиока, но добива само по 400.000, а годинава како јубилејна ќе добие 100 илјади денари повеќе.
„Пред се за да расте фестивалот потребни се многу манифестации придружни, многу гости од странство, што подразбира не само два дена одржување на фестивалот, туку четири до пет дена минимум, така е во светот, значи да има претставување на различни култури, а се разбира нашата основна цел е да го зачуваме нашето, меѓутоа имаме и едукативна обврска, да продолжиме и да навлеземе и во оние региони каде што помалку има, што повеќе да го негуваат изворниот фолклор“, додава Вучиќ.
Поради недостигот на пари, манифестацијата нема своја продукција, нема фонотека на изворна македонска музика,иако низ годините гостувале илјадници вокалисти и инструменталисти, почитувачи на изворниот мелос од Македонија и дијаспората. Од тој аспект, вели доскорешниот уметнички директор Захаринка Милосављевиќ, фестивалот ја оствари целта.
„Мислам дека ја постигнавме целта, зашто од година во година се повеќе млади се интересираат, сакаат да свират на кавал, на тамбура. Овој фестивал многу луѓе поттикна, кои се склопија заедно сите, па се отворија академии, па сега учат и милина е да ги слушате“, вели Милосављевиќ, доскорешен уметнички директор, со 35 годишен фестивалски стаж.
Годинешното јубилејно издание под мотото „И изворната
музика не одржа“ ќе се одржи на 4-ти и 5-ти јули на Рудина кај Долнени.
Пред се за да расте фестивалот потребни се многу манифестации придружни, многу гости од странство, што подразбира не само два дена одржување на фестивалот, туку четири до пет дена минимум, така е во светот.Весна Вучиќ, директорка на фестивалот.
И по 4 децениски живот, не е уреден просторот на Рудина кај Долнени, каде настапуваат бројните инструменталисти и вокалисти. Па две години фестивалот се одржуваше во Прилеп на мала бина, но не во автентичен амбиент. Годинава, како што вели директорката Весна Вучиќ, стигнуваат позитивни сигнали од локалната самоуправа во општина Долнени, за уредување на овој простор.
„Се уште не е постигнат, пак велам дека е ова чекор, затоа што местото му е да се одржува таму. Сметам и се уште тврдам дека доколку не излеговме, не направевме пауза со Долнени, немаше со толку жар да не посакаат да бидеме дел од нив. Многу работи ќе треба да се променат за да си ја добие фестивалот вистинската физиономија“, вели директорката Вучиќ.
Според неа и средствата кои се добиваат од Министерството се помалку од половина од потребните. Постојано фестивалот бара милион денари за да ги реализира заложбите и проектите кои стојат во фиока, но добива само по 400.000, а годинава како јубилејна ќе добие 100 илјади денари повеќе.
Овој фестивал многу луѓе поттикна, кои се склопија заедно сите, па се отворија академии, па сега учат и милина е да ги слушате.Захаринка Милосављевиќ, доскорашен уметнички директор на фестивалот.