Достапни линкови

Цената на руската победа во Украина


Во последните неколку месеци се чини дека руската политика во Украина и донесе на Москва многу придобивки и тоа без некаква поголема цена. Но, во следните неколку месеци тоа би можело да биде сосема поинаку.

Руската агресивна политика во Укриана од есента 2013 резултираше со забележителни придобивки за Москва. Плановите на Киев да се приближи кон Европската унија се запрени.

Стрaтегиски важниот Кримски полустров е анектиран. Дестаблизацијата предизвикана од проруските сепаратисти во источна Украина се заканува да ја стави под сомневање легитимноста на украинската влада.

Но, чинењето на овие тактички победи би можело да бидат чекор и тоа неподнослив за владата на рускиот претседател Владимир Путин доколку Западот се обедини во неговиот одговор и да го задржи подолгорочно притисокот врз Москва.
Останаа само неколку вистински партнери и сојузници. Дури и најжестоките бранители на Русија сега сфаќаат дека таа веќе никогаш нема да биде таков партнер каков што посакуваа.
Жан Тишо, директор на Карнеџи Европа.


„Русија си наштети на многу нивоа“, вели Жан Тишо, директор на Карнеџи Европа со седиште во Брисел, додавајќи:

„Останаа само неколку вистински партнери и сојузници. Дури и најжестоките бранители на Русија сега сфаќаат дека таа веќе никогаш нема да биде таков партнер каков што посакуваа“, вели тој.

Според него, меѓународната изолација на Русија поради Украина само ќе се зголемува. Дали путиновата Русија ќе се справи со таквиот предизвик е отворено прашање, оценува Андреј Циганков, професор на Државниот универзитет во Сан Франциско.

„Мој општ впечаток е дека е прерано да се каже. Зависи од тоа дали државата што ја создаде Путин ќе биде способна да се менува и да стане пофункционална и помалку корумпирана“, смета Циганков.

Според експертите, доколку успеат напорите на Европа да ја отргне зависноста од руски гас, тоа ќе биде огромна загуба за Русија.
Зависи од тоа дали државата што ја создаде Путин ќе биде способна да се менува и да стане пофункционална и помалку корумпирана.
Андреј Циганков, професор на Државниот универзитет во Сан Франциско.


Москва веќе се обидува да пренасочи барем еден дел од нејзината економија кон исток. Деновиве беше потпишан договор за долгорочна испорака на руски гас на Кина.

Но, според договорот, Русија ќе и продава на Кина само 38 милијарди кубни метри гас годишно, во споредба со 139 милијарди што и ги испорачува на Европа.

Руската намера да ја издржи политичката и економската изолација од Запад е индикација дека Москва ја отфрла неолибералната модернизација што ја протежираше поранешниот претседател Борис Елцин, вели професор Циганков, додавајќи дека цел на Путин е за натамошна државна централизација. Тоа пак, според него, би можело да води до милитаризација на економијата, што претставува голема опасност.


Од друга страна украинската криза исто така се одрази и врз Царинската унија што ја предводи Москва, како и врз плановите за Евроазиска унија.

Иако Царинската унија функционира, сепак лојалните членки како Белорусија и Казакстан почнаа да искажуваат загриженост од Русија.

„Мислам дека нивните пресметки се многу поинакви од нашите. Тие се подготвени да ги платат сите овие трошоци, бидејќи крајната цел за нив е да останат на власт, сега и во следната година. Тоа е краткорочна пресметка“, вели Тишо, додавајќи дека за разлика од Русија, Западот најверојатно ќе го корегира својот курс и од оваа криза ќе излезе со подолгорочна консолидација.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG