Кривична пријава против осомничениот за убиството на деветнаесетгодишниот Ангел Петковски во Ѓорче Петров била поднесена до јавното обвинителство, информираше министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на денешната пресконференција. Според Јанкулоска, обвинетиот е деветнаесетгодишно лице, кое не и било непознато на полицијата, односно било инволвирано и во други дела.
„Веднаш по добивањето на пријавата е излезено на лице место и е отпочната потрага по осомничениот и истиот е пронајден во непосредна близина на Европската очна болница и е лишен од слобода“, вели Јанкулоска.
Убиството, како што посочи министерката било извршено со остар предмет, најверојатно нож, кој се уште не е пронајден.
„Во овој момент се уште се врши пребарување на теренот заради отежнатите услови во текот на ноќта. Се работи за голема тревна површина, меѓутоа очекуваме предметот со кој е извршено убиството да биде пронајден на локацијата на која сметаме дека се наоѓа, вели Јанкулоска.
На убиството му претходела тепачка меѓу жртвата и осомничениот. Причината за тепачката била кражбата на велосипедот од дворот на Ангел, кој се обидел да му го одземе на осомничениот. По убиството во знак на револт толпа граѓани се собраа и предизвикаа нереди од порта Влае па се до седиштето на општината. Јанкулоска информираше дека се приведени 18 лица кои биле инволвирани во синоќешните настани.
„ Со полициска интервенција беа приведени вкупно 18 лица. Од тие пет се малолентни, а останатите се на возраст од 18 до 36 години. По извршени консултации со јавен обвинител ним им се издадени платни налози за сторени различни прекршоци. СВР Скопје продолжува со преземање на интензивни мерки за идентификување на дополнителни лица“, вели Јанкулоска.
Денеска во Ѓорче Петров е мирно, а улиците се чисти и проодни. Само искршените прозорци на локалните дуќани, слаткарници, запалените малски ресторанчиња сведочат за тоа што се се случуваше во населбата.
Во меѓувреме, Советот и градоначалникот на општина Ѓорче Петров изразија жалење за убиеното момче, но и загриженост за подигнатите тензии. Од општината, како што се вели во писменото соопштение до медиумите аплеираат до граѓаните да се воздржат од какви било активности спротивни на закон и да делуваат врз какви било изливи на насилство.
Отпочната е потрага по осомничениот и истиот е пронајден во непосредна близина на Европската очна болница и е лишен од слобода.Гордана Јанкулоска, министер за внатрешни работи
„Веднаш по добивањето на пријавата е излезено на лице место и е отпочната потрага по осомничениот и истиот е пронајден во непосредна близина на Европската очна болница и е лишен од слобода“, вели Јанкулоска.
Убиството, како што посочи министерката било извршено со остар предмет, најверојатно нож, кој се уште не е пронајден.
„Во овој момент се уште се врши пребарување на теренот заради отежнатите услови во текот на ноќта. Се работи за голема тревна површина, меѓутоа очекуваме предметот со кој е извршено убиството да биде пронајден на локацијата на која сметаме дека се наоѓа, вели Јанкулоска.
На убиството му претходела тепачка меѓу жртвата и осомничениот. Причината за тепачката била кражбата на велосипедот од дворот на Ангел, кој се обидел да му го одземе на осомничениот. По убиството во знак на револт толпа граѓани се собраа и предизвикаа нереди од порта Влае па се до седиштето на општината. Јанкулоска информираше дека се приведени 18 лица кои биле инволвирани во синоќешните настани.
Со полициска интервенција беа приведени вкупно 18 лица. Од тие пет се малолентни, а останатите се на возраст од 18 до 36 години.Гордана Јанкулоска, министер за внатрешни работи.