Најпознатиот слаткар од Куманово, Сали Џемаили (60), е еден од ретките занаетчии кој веќе четири децении настојува да зачува нешто од некогашниот шмек на слатките, но и да се вклопи во модерните вкусови на луѓето. Тој носталгично се сеќава на времето кога неговите слаткарски вештини биле речиси најбарани, а во слаткарницата во центарот на градот изминатите децении меѓу посетителите се смениле генерации и генерации.
Слаткарницата со називот уште од далечната 1966 година, сега е видоизменета, но пријателството, дружењето и пријатниот амбиент потсеќаат на минатото. Во времето кога Сали го наследил занаетот, а заедно со татко му и брат му деноноќно работеле на правење слатки, боза, природна лимонада, тулумби, баклави, индијанки, пасти во шербет, сладолед, се барало столче повеќе. Она по што оваа слаткарница се разликува од останатите е што многу познати луѓе тука навраќале. Посебно место имал сега покојниот поет, писател и драмски писател Драган Арсовски Арсо кој некои од своите дела ги создавал токму тука. А имало и други како што вели Сали:
„Драган Арсовски Арсо беше меѓу првите и легенда на слаткарницата, потоа Томислав Османли, Владо Динчев, Бакир Алиспахиќ, Ивица Дачиќ, Горан Протега, Перица Грујиќ- доаен на белградската опера и уште многу други.“
Во тоа време во слаткарницата немало ниту газирани безалкохолни пијалаци, ниту било каков вид кафе, меѓутоа се пиел „шприцер“, комбинација боза и лимонада.
„Се пиеше шприцер, а имаше и една друга варијанта -„атомска боза“ ја викавме. Тоа е боза со сладолед и тоа беше хит. Тоа беше шегобиен артикал. Се бараа ориентални производи, кафе немавме бидејќи законот не дозволуваше во локалите како нашиот, а сега можеш да продаваш сè и сешто само да дојдеш до пари. Ама народот нема пари“, раскажува Сали.
Се сеќава дека пред појава на кафулињата гостите немале време да седат долго, зашто се чекало ред.
„Камо да се врати тоа време. Имаше дури вербални дуели меѓу нашите гости за да се дојде до место.“
Момчило Јакимовски Џое (60) се уште навраќа во оваа слаткарница, но и тој како и Момчило Стефановски (56) сега денот го започнуваат со кафе. Тие раскажуваат за минатото:
„Во нашето време се пиеше „шприцер“, боза, најпопуларна беше индијанка, баклава „сарајлија“. Многу време поминуваме тука, центар на градот. Се гледаме со пријатели, како зборно место е ова“, вели Момчило Јакимовски.
„Тука ни помина младоста. Тука пораснавме со газдите, тука се собиравме деноноќно, тука се среќававме со другарите. Каде да се најдеме? Пред „Реклама“. Тоа беше место каде што не можеше на ред да се дојде да се седне. Се чекаше ред. Еден ќе фати место сите скокавме, по десет столчиња на една маса. Тие имаат квалитетни слатки, си бевме и останавме пријатели, другари, пораснавме со нив, остаревме со нив“, вели Момчило Стефановски.
Дел од своите слаткарски умешности Сали ги пренел на неговиот син, иако сега се помалку се бараат, како што вели, „ориенталните“ слатки, а младите генерации речиси и да не знаат што е боза.
Се бараа ориентални производи, кафе немавме бидејќи законот не дозволуваше во локалите како нашиот, а сега можеш да продаваш сè и сешто само да дојдеш до пари. Ама народот нема пари.Сали Џемаили, слаткар.
Слаткарницата со називот уште од далечната 1966 година, сега е видоизменета, но пријателството, дружењето и пријатниот амбиент потсеќаат на минатото. Во времето кога Сали го наследил занаетот, а заедно со татко му и брат му деноноќно работеле на правење слатки, боза, природна лимонада, тулумби, баклави, индијанки, пасти во шербет, сладолед, се барало столче повеќе. Она по што оваа слаткарница се разликува од останатите е што многу познати луѓе тука навраќале. Посебно место имал сега покојниот поет, писател и драмски писател Драган Арсовски Арсо кој некои од своите дела ги создавал токму тука. А имало и други како што вели Сали:
„Драган Арсовски Арсо беше меѓу првите и легенда на слаткарницата, потоа Томислав Османли, Владо Динчев, Бакир Алиспахиќ, Ивица Дачиќ, Горан Протега, Перица Грујиќ- доаен на белградската опера и уште многу други.“
Тука ни помина младоста. Тука пораснавме со газдите, тука се собиравме деноноќно, тука се среќававме со другарите. Каде да се најдеме? Пред „Реклама“. Тоа беше место каде што не можеше на ред да се дојде да се седне. Се чекаше ред.Момчило Стефановски.