Достапни линкови

Бајрамска баклава за православните верници во муслиманските семејства


Верската толеранција во Дебар и селските населби историски била и е пример, без разлика што во одредени политички моменти и историски превирања имало опасности да дојде и до прекинување на овие односи. Претставниците на Исламската заедница и Македонската Православна Црква во Дебар со своите меѓусебни односи позитивно влијаат и денеска во насока не само на одржување на овие добри односи, туку тие се и пример за поттикнување на сожителството во овие мулти етнички и мулти верски простори:

„Традиција во Дебар било да се почитуваат меѓусобните и верските заедници. Вака било во минатото и се надеваме дека и понатаму ќе биде. Овие односи и соработка и дека верите вршат толеранција. Има случаи понекогаш да дојдеме до недоразбирање, но јас мислам дека тоа доаѓа од тие што не го познаваат ниту Исламот ниту Христијанството. Доколку луѓето ги познаваат, тогаш нема да имаме никакви проблеми,“

истакнува дебарскиот муфтија Хаџи Ружди Ефенди Љата.

Дебарскиот свештеник Благоја Спировски вели дека веркста толеранција, традиционална во Дебар и околината е пример и а сите други градови во Македонија:

„Како да се почитуваат, како да се сака бог, како да се сака својот ближен. Тоа за нас е многу прифатливо и тоа го почитуваме и ќе го почитуваме. Толеранцијата верска и понатаму треба да биде за пример.“

Дебар отсекогаш бил пример за верска толеранција. Така беше и вчера, кога по повод Курбан Бајрам муслиманските семејства служеа баклава за православните пријатели.
XS
SM
MD
LG