Достапни линкови

Институциите молчат за „омразата“, граѓаните оставени сами на себе


Досегашни случаи покажале дека кога станува збор за говор на омраза, посебно искажан од луѓе блиски до власта, институциите не преземаат никакви мерки. До меѓународните институции на правдата тешко се доаѓа и тоа чини пари, но тие станаа единствениот излез за граѓаните, велат познавачите.

Граѓаните немаат доверба во надлежните институции дека тие ќе постапат по нивните жалби за говор на омраза, велат експертите. Хелсиншкиот комитет за човекови права минатата година нотирал 116 инциденти сторени од омраза, а во оваа година 55.
Луѓето знаат дека Јавниот обвинител нема да реагира, знаат дека ќе ги упати на приватна тужба, знаат дека приватната тужба дефинитивно ќе биде одбиена и дека само ќе бидат изложени на непотребни трошоци.
Мирјана Најчевска, универзитетски професор.


Професор Мирјана Најчевска вели дека со сите досегашни случаи институциите покажале дека никогаш кога станува збор за говор на омраза, посебно искажан од луѓе блиски до власта тие не преземаат никакви мерки.


„Луѓето знаат дека Јавниот обвинител нема да реагира, знаат дека ќе ги упати на приватна тужба, знаат дека приватната тужба дефинитивно ќе биде одбиена и дека само ќе бидат изложени на непотребни трошоци и заради тоа единствен излез гледаат во идентификување на овие случаи и јавување до меѓународните органи.“

Џабир Дерала од невладината Цивил вели дека во земјава говорот на омраза и инцидентите поврзани со него се мотивирани токму од институциите на системот. Според него, до меѓународните институции на правдата тешко се доаѓа и тоа чини пари, но тие станаа единствениот излез за граѓаните.
Јакнење на солидарноста меѓу граѓаните и граѓанките за да можеме некако да помогнеме во подобрување на состојбите барем во период кога тоа не може да го стори, односно не сака да го стори законот, институциите и владата.
Џабир Дерала, Цивил.


„Тие се за жал во последните години единствениот излез, единствената утеха или охрабрување за граѓаните и граѓанките, кои се жртви на дела сторени од омраза или на говор на омраза“, вели Дерала.

Според Најчевска, говорот на омраза не е опасен само за директно иницирање на насилство, туку и за создавање на непријателската атмосфера за изнесување на различно мислење, со што се намалува слободата на изразување.

„За да застанеме малку од малку, да се спротивставиме на се почестиот говор на омраза е да ги убедиме луѓето во поголем број да поднесуваат тужби, односно пријави до јавниот обвинител и да се надеваме дека квантитетот можеби во одреден момент ќе предизвика некаква реакција на страна на институциите.“

Дерала смета дека треба да се зајакне културата на спротивставување на говорот во земјата.

„Јакнење на солидарноста меѓу граѓаните и граѓанките за да можеме некако да помогнеме во подобрување на состојбите барем во период кога тоа не може да го стори, односно не сака да го стори законот, институциите и владата.“

Најголем дел од инциденти предизвикани од говор на омраза, според Хелсиншкиот комитет биле со етнички предзнак, потоа поради сексуалната ориентација, од верски причини и поради различната политичка припадност.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG