Во ситуација кога критичарите го обвинуваат претседателот Ѓорге Иванов дека не е доволно посветен на евроатлантските интеграции и оти почесто гледа кон исток, а не кон ЕУ, на само три дена по инаугурацијата за вториот претседателски мандат тој патува во работна посета на Брисел, каде што се среќава со претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј и со еврокомесарот за проширување Штефан Филе.
Универзитетскиот професор Мерсел Биљали вели дека актуелната политичка криза и претстојниот самит на НАТО во септември можеби ја поттикнале власта да работи на забрзување на евроатлантските интеграции.
„Веројатно поради тежината на политичката ситуација и тешките хипотеки и на премиерот и на одделни министри, мислам дека можеби ќе се потрудат за некаков компромис“, вели Биљали.
Поранешниот дипломат Ристо Никовски вели дека обвинувањата за непосветеност на европската агенда се без основа, затоа што закочувањето на евроинтеграциите не е по вина на Македонија.
„После самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, Македонија е ставена под блокада, под уцена и ултиматум – прво името, па потоа членство и во такви услови Македонија продолжува да ги прави сите напори за што побрз влез во ЕУ и во НАТО, меѓутоа пречката е таква што не дозволува компромис кој ќе биде на сметка на народот и на државата“, вели тој.
Обвинувањата дека претседателот и владата почесто гледаат кон исток, отколку кон ЕУ за Никовски се смешни.
„За жал ние недоволно гледаме кон исток, не само кон Русија, туку и кон Кина, Индија и кон други важни фактори во светот. Нашата некаква заслепеност со ЕУ е поголема реалност, отколку што се напорите, обидите за диверзификација на нашите односи со други фактори, други земји“, вели Никовски.
Поранешниот дипломат Благој Зашов, пак, оценува дека посетата на претседателот Иванов на Брисел е во рамките на настојувањата да се продолжи со контактите со ЕУ околу приближување на Македонија кон Унијата и реализирање на целите воспоставени уште со добивањето на кандидатскиот статус.
„Мислам дека секој напор што ќе се прави во тој поглед ќе придонесе за постигнување на таа цел“, вели Зашов.
Веројатно поради тежината на политичката ситуација и тешките хипотеки и на премиерот и на одделни министри, мислам дека можеби ќе се потрудат за некаков компромис.Мерсел Биљали, универзитетски професор.
Универзитетскиот професор Мерсел Биљали вели дека актуелната политичка криза и претстојниот самит на НАТО во септември можеби ја поттикнале власта да работи на забрзување на евроатлантските интеграции.
„Веројатно поради тежината на политичката ситуација и тешките хипотеки и на премиерот и на одделни министри, мислам дека можеби ќе се потрудат за некаков компромис“, вели Биљали.
Поранешниот дипломат Ристо Никовски вели дека обвинувањата за непосветеност на европската агенда се без основа, затоа што закочувањето на евроинтеграциите не е по вина на Македонија.
„После самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, Македонија е ставена под блокада, под уцена и ултиматум – прво името, па потоа членство и во такви услови Македонија продолжува да ги прави сите напори за што побрз влез во ЕУ и во НАТО, меѓутоа пречката е таква што не дозволува компромис кој ќе биде на сметка на народот и на државата“, вели тој.
Македонија продолжува да ги прави сите напори за што побрз влез во ЕУ и во НАТО, меѓутоа пречката е таква што не дозволува компромис кој ќе биде на сметка на народот и на државата.Ристо Никовски, поранешен дипломат.