Добредојдени се сите средби и посети на Бугарија на било кое ниво, бидејќи тие придонесуваат за подобрување на односите, велат експертите.
Добрососедските односи со Бугарија се услов за влез на Македонија во ЕУ. Македонската и бугарската академија на науката и уметностите викендов во Софија заедно го празнуваа денот на Свети Кирил и Методиј, кој во земјата се слави по стар календар.
Претседателот на МАНУ, Владо Камбовски изјавил дека целта на посетата е да се зајакне соработката во регионот во духот на евроинтегративните процеси. Освен академииците дел од македонската делегација ја сочинуваа и претставници на МПЦ на чело со архиепископот Стефан.
Политичкиот аналитичар Исмет Рамадани вели дека е добро што МАНУ профункционира во воспоставувањето на односи со соседните земји со кои имаме проблеми.
„Така што нивното учество во сите тие церемонии, може да влијае да се подобрат и политичките односи меѓу Македонија и Република Бугарија.“
Според него, тоа помага во развивање на политичките односи помеѓу двете земји и решавање на меѓусебните проблеми, ако има волја и вистински пристап за промена на амбиентот зо воспоставување дијалог.
„Република Бугарија може да ни биде еден добар лобист понатаму и за евро-атланските интеграции.“
Но, Рамадани додава дека иако средбата претставува добар почеток, тој се плаши од тоа како ќе реагираат политичките структури.
„Дали тие ќе знаат и дали ќе имаат волја да го продолжат дијалогот со умерена политика и умерена дипломатија, затоа што овие односи се доста и специфицни и доста чувствителна, така што треба умешност и во дипломатијата и во политиката. Ако на тоа се внимава, мислам дека работите можат да одат на подобро.“
Инаку за првпат академиците од Македонија и Бугарија заедно го одбележаа 11 Мај.
Дали тие ќе знаат и дали ќе имаат волја да го продолжат дијалогот со умерена политика и умерена дипломатија, затоа што овие односи се доста специфични и доста чувствителни, така што треба умешност и во дипломатијата и во политиката.Исмет Рамадани, политички аналитичар.