Достапни линкови

Одѕивот задоволителен, неправилностите се зголемуваат


Излезноста до 13 часот е околу 30 отсото, невладините кои го мониторираат процесот, забележуваат нерегуларности, граѓаните очекуваат подобрување на стандардот и демократијата.

Излезноста на претседателските избори до 13 часот изнесува 26,96 проценти а на парламентарните 30, 74 соопшти ДИК.
Изборна единица 3 е 37 отсто, Изборна единица 4- 34, 67 отсто, во првата Изборна единица, 31, 51 процент, во петата 29, 88 отсто, Во Изборна единица 2 28, 65 проценти и во шестата Изборна единица 22, 78 проценти“, информираше потпретседателот на ДИК,
Субхи Јакупи, ДИК.


„По изборни единици е вака, Изборна единица 3 е 37 отсто, Изборна единица 4- 34, 67 отсто, во првата Изборна единица, 31, 51 процент, во петата 29, 88 отсто, Во Изборна единица 2 28, 65 проценти и во шестата Изборна единица 22, 78 проценти“, информираше потпретседателот на ДИК, Субхи Јакупи кој ги повика сите граѓани да го остварат своето право на глас.
Никола Рилкоски, претседател на Државната изборна комисија (ДИК) и членот на Државната изборна комисија (ДИК), предложен од ДУИ Субхи Јакупи.
Никола Рилкоски, претседател на Државната изборна комисија (ДИК) и членот на Државната изборна комисија (ДИК), предложен од ДУИ Субхи Јакупи.

За поголем број неправилности информираа невладините Цивил и МОСТ и тоа станува збор за повеќе случаи на семејно гласање и фотографирање на гласачки ливчиња, ширење пропаганден материјал. Цивил забележала лице кое гласало за 30 граѓани, лесно отстранување на мастилотот при гласањето, поткуп на гласачи во Струмица за 500 денари за глас и колони возила полни со гласачи во Аеродром и Гази Баба.
Она што е типично во последните неколку часа е забележување на гласачи од Пустец Албанија, кои доаѓаат со биометриски документи да гласаат во повеќе градови.
Мери Јордановски, Цивил.

„Она што е типично во последните неколку часа е забележување на гласачи од Пустец Албанија, кои доаѓаат со биометриски документи да гласаат во повеќе градови, такви случаи имаат забележано набљудувачите и граѓаните во Ресен, во Центар, во Бутел, во Кичево, во Аеродром“, Мери Јордановска од Цивил.

Денеска во Македонија се одржува вториот круг од петтите претседателски избори и парламентарните избори на кои граѓаните на Република Македонија ќе излезат по осми пат. На 3.480 избирачки места во земјата право на глас на претседателските избори имаат 1.779.572 избирачи, а во избирачкиот список за парламентарните избори се запишани 1.780. 128 избирачи.

Повеќето од граѓаните кои што ги анкетиравме откако го дадоа својот глас рекоа дека се надеваат на подобрување на стандардот и на демократските процеси во државата.
Стандардот и демократијата да почнат да се движат по угорна линија, слобода за медиумите.
Анкетиран граѓанин.
„Стандардот и демократијата да почнат да се движат по угорна линија, слобода за медиумите.“

„Вработувања да има, нови работни места, тоа е.“

„Би сакал да се почитува народната волја и да може народот кога ќе посака да ги замени тие што ги гласал, затоа што не ги остваруваат неговите желби и потреби.“

На избирачките места има два извода од избирачкиот список, еден за парламентарните, а вториот за претседателските избори. Граѓаните можат само еднаш да го посетат избирачкото место и да гласаат, а според укажувањата на ДИК, членовите на избирачките одбори се должни да му укажат на избирачот дека може да гласа за двата или само за едниот вид избори и оти подоцна нема да може дополнително да се врати на гласање.

Оваа година првпат избирачите беа обележувани со видливо мастило во вид на маркер , на првиот круг од претседателските избори на десниот палец, денеска ќе бидат обележувани на левиот палец. Отпечатокот треба да има трајност од најмалку 24 часа и не може да се избрише со алкохол, ацетон, хидроген или други средства за бришење.

За следење на денешното гласање се акредитирани 10.013 домашни и 610 странски набљудувачи а изборите ќе ги следат и 42 странски новинари.

Канцеларијата на народниот правобранител информираше дека денеска од 7 до 19 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија 0800-54321 на која граѓаните можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.Отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.

Гласачките места се отворени во 7:00, а ќе бидат затворени во 19:00 часот. По затворањето на гласачките места ќе можат да гласаат само лица копи во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.
Што очекуваат граѓаните од гласањето за претседател и пратеници?
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:24 0:00
XS
SM
MD
LG