Најновата „бомба“ на СДСМ за, како што вели неговиот лидер Заев, „кеш игрите“ на премиерот е новиот доказ за 80.000 евра кеш во касата на ВМРО-ДПМНЕ, објавија Слободен печат и Утрински.
Вистински бум предизвика и телефонскиот разговор со поранешниот виден член на сега владејачката партија, Загорец Тумбовски, на телевизиите Телма и 24 Вести, во средата, а го пренесоа некои интернет портали, при што Тумбовски тврди дека парите во 2006 година ги дал лично на Гордана Јанкуловска, по налог на Груевски, но дека сумата на неговата донација изнесувала 500. 000 евра.
Вечер го објавува само одговорот на ВМРО-ДПМНЕ: „СДСМ се служи со лаги, фалсификати и измислен потпис - Дали Заев лично го фалсификувал печатот?“ Утрински го објавува и најновото тврдење на СДСМ, поткрепено со документи од катастарот, дека за 1,6 милиони евра, во ноември, декември и јануари, владејачката партија купила станови, деловни простории и земјишни парцели низ цела Македонија.
Дневник информира дека „СДСМ поднесе кривична пријава против Груевски за направени три тешки кривични дела во врска со случајот Македонска банка и примените 1.5 милиони евра во кеш“. Утрински во наслов ја пренесува и втората страна: „Јанкуловска: Заев на суд ќе ја докажува аудио снимката“.
Провладино ориентираните медиуми последниве денови на големо користат делови од интервјуто на Заев за Радио Слободна Европа дека неговата партија размислува и за бојкот на изборите. Вечер притоа оди со наслов: „Веќе видено сценарио - Заев изборниот пораз ќе го лечи со бојкот - свесен дека СДСМ ќе доживее уште еден изборен пораз“. Дневник има наслов: „Во игра и бојкот и улица - Или СДСМ ќе победи или ништо не се признава“.
Утрински информира дека во финишот на предизборната кампања, политичката битка влегува во својата финална вжештена фаза - „Веќе настрадаа неколку партиски штабови, а паднаа и првите закани дека на неделните избори може да се случат и инциденти“, пишува весникот.
Нова Македонија се фокусира на верските поглавари: водачите на петте верски заедници во земјава се договориле во наредниот период наизменично да присуствуваат на одредени обредни свечености во една или друга црква или верска заедница, што ќе придонесло за поголема толеранција и меѓусебно почитување меѓу верниците.
Народот рекол: никогаш не е доцна... Се потиснува ли и во Русија слободата на говор како обидите во Турција, па и во Македонија?: „Ако може никој ништо да не каже - Руската Дума го ограничи правото на блогерите со донесување Закон за блогови во рамките на пакетот антитерористички закони“, објави Вечер.
СДСМ поднесе кривична пријава против Груевски за направени три тешки кривични дела во врска со случајот Македонска банка и примените 1.5 милиони евра во кеш.Дневник.
Вистински бум предизвика и телефонскиот разговор со поранешниот виден член на сега владејачката партија, Загорец Тумбовски, на телевизиите Телма и 24 Вести, во средата, а го пренесоа некои интернет портали, при што Тумбовски тврди дека парите во 2006 година ги дал лично на Гордана Јанкуловска, по налог на Груевски, но дека сумата на неговата донација изнесувала 500. 000 евра.
Вечер го објавува само одговорот на ВМРО-ДПМНЕ: „СДСМ се служи со лаги, фалсификати и измислен потпис - Дали Заев лично го фалсификувал печатот?“ Утрински го објавува и најновото тврдење на СДСМ, поткрепено со документи од катастарот, дека за 1,6 милиони евра, во ноември, декември и јануари, владејачката партија купила станови, деловни простории и земјишни парцели низ цела Македонија.
Веќе настрадаа неколку партиски штабови, а паднаа и првите закани дека на неделните избори може да се случат и инциденти.Утрински весник.