Претседателот на опозицискиот СДСМ Зоран Заев на денешната прес-конференција во партиското седиште во Скопје соопшти дека за само три месеци владејачката ВМРО-ДПМНЕ дошла до имот во вредност од над 1,6 милиони евра.
„Груевски и ВМРО-ДПМНЕ дошле до станови, деловни простории, земјишни парцели каде што стигнале низ Македонија, во само неколку дена во месеците ноември, декември и јануари“, рече Заев кој како доказ посочи катастарски листови за имотот чиј сопственик станала ВМРО-ДПМНЕ.
Заев ги праша Груевски и ВМРО-ДПМНЕ како успеваат да се богатат во граници што ја надминуваат секоја разумна логика.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагира дека на СДСМ и на Зоран Заев очигледно им пречи што ВМРО-ДПМНЕ има сопствени штабови во поголемите градови низ Македонија.
„Ако тоа им пречи, ние сме спремни да се откажеме од тие штабови и нашите состаноци да ги држиме на отворено, на плоштадите“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Тие велат дека за сите купени простории за штабови, ВМРО-ДПМНЕ поседува валидни документи и договори и за сите купени простории е платен данок.
Претходно, директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски праша дали Заев лично го фалсификувал документот каса-прими, според кој ВМРО-ДПМНЕ примила 80 илјади евра кеш од лицето Загорец Тумбовски, кој е осуден на шест години затвор и е во бегство. Димовски праша дали Заев го направил фалсификатот заедно со посочениот Тумбовски и дали фамилијата на Заев има или имала бизнис соработка со осудениот Загорец Тумбовски.
Заев вчера посочи, како што рече, доказ дека ВМРО-ДПМНЕ во два наврати примила кеш од посочениот од 30 и од 50 илјади евра во кеш, иако според законот не смеат да земат повеќе од 5 илјади евра од физичко лице.
Димовски исто така рече дека СДСМ многу сериозно спрема сценарио за непризнавање на изборните резултати од парламентарните и претседателски избори в недела.
„СДСМ има дадено јасна насока и налог до нивните активисти и членови да провоцираат проблеми и да создаваат конфликтни ситуации во деновите кои следат со цел да изградат алиби за својата погубна политика и за својот изборен пораз“, рече Димовски.
Груевски и ВМРО-ДПМНЕ дошле до станови, деловни простории, земјишни парцели каде што стигнале низ Македонија, во само неколку дена во месеците ноември, декември и јануари.Зоран Заев, претседател на СДСМ.
„Груевски и ВМРО-ДПМНЕ дошле до станови, деловни простории, земјишни парцели каде што стигнале низ Македонија, во само неколку дена во месеците ноември, декември и јануари“, рече Заев кој како доказ посочи катастарски листови за имотот чиј сопственик станала ВМРО-ДПМНЕ.
Заев ги праша Груевски и ВМРО-ДПМНЕ како успеваат да се богатат во граници што ја надминуваат секоја разумна логика.
СДСМ има дадено јасна насока и налог до нивните активисти и членови да провоцираат проблеми и да создаваат конфликтни ситуации во деновите кои следат со цел да изградат алиби за својата погубна политика и за својот изборен пораз.Илија Димовски, претседател на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.