Достапни линкови

Кој ќе одговара - Груевски или Заев?


Најважно е обвинителството да ја оцени основаноста на пријавата и да се види дали има елементи за постапување, оти обвинувањата се сериозни, велат правниците. Останува да се види кој ќе одговара дали Груевски или Заев?

По поднесената кривична пријава на СДСМ против премиерот Никола Груевски во врска со случајот Македонска банка, правните експерти велат дека сега најважно е обвинителството да ја оцени основаноста на пријавата и да се види дали има елементи за постапување.
Oбвинителството е должно на несомнен начин да ја утврди фактичката состојба, доколку постојат било какви сомневања, постојат референтни институции кои тоа може да го направат и мислам дека е битно да се дојде до вистината, бидејќи навистина обвинувањата се сериозни.
Драган Малиновски, правник.


Во конретната ситуација бидејќи се работи за доставена снимка за аудио разговор, треба да се утврди автентичноста на снимката, а околу тоа нема дилеми дека таа околност може да се утврди со современи техники за идентификација на гласот, вели Драган Малиновски.

кој по професија е правник.
Претседателката на скопското обвинителство Гордана Гешковска, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и јавниот обвинител Марко Зврлевски.
Претседателката на скопското обвинителство Гордана Гешковска, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и јавниот обвинител Марко Зврлевски.

„Тоа треба да го направи обвинителството, обвинителството е должно на несомнен начин да ја утврди фактичката состојба, доколку постојат било какви сомневања постојат референтни институции кои тоа може да го направат и мислам дека е битно да се дојде до вистината, бидејќи навистина обвинувањата се сериозни.“

И професор Осман Кадриу се согласува дека единствениот репер за да се види во кој правец би се водела постапката е утврдување на автентичноста на снимката. Според него кривичната пријава што ја поднесе СДСМ се уште не значи дека таа ќе добие облик на обвинение бидејќи треба да се произнесе обвинителството кое треба да утврди дали има елементи да се подигне кривична пријава.
Додека не се поднесе од страна на полицијата и обвинителството уште немаме во кривично правна смислам акт против конкретно лици и за конкретно кривично дело.
Осман Кадриу, универзитетски професор.


„Треба тој да утврди дали има елементи да се подигне кривична пријава во смисол на званичен акт од надлежна институција, на пример полиција и конкретно обвинителството, затоа што додека не се поднесе од страна на полицијата и обвинителството уште немаме во кривично правна смислам акт против конкретно лици и за конкретно кривично дело.“

Правните експерти велат дека ова е првото ниво на постапката и дополнуваат дека друго е прашањето како ќе се произнесе обвинителство дали има елементи за сомневање или нема.

„Доколку се потврди автентичноста, се разбира, натаму обвинителот ќе цени од какво значење е разговорот, дали во него има елемент за кривично дело и слично.“

Во случај ако се покаже дека не е автентична снимката обвинителството ќе ја запре постапката против пријавениот и евентуално може да се повика на одговорност тој што лажно објавува, додава Малиновски.

СДСМ ја поднесе кривична пријава против премиерот Никола Груевски во врска со случајот Македонска банка за противзаконско посредување, примање поткуп и затајување данок. Пријавата е поднесена до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. И Зоран Заев ќе треба да ја докажува автентичноста на презентираните аудио снимки за кои тврди дека откриваат криминал поврзан со продажбата на „Македонска банка“ во кој наводно е инволвиран и премиерот Никола Груевски, бидејки Од ВМРО-ДПМНЕ најавија тужба за клевета против лидерот на СДСМ.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG