Интернационалната премиера на „Влакна“, на режисерката и сценаристка Елеонора Венинова, на целата екипа и продуцентската куќа „Партес“, им ја донесе и првата значајна награда. Филмот, во силна и голема конкуренција, ја освои наградата „Gold Remi“ во категоријата за краток трилер/мистерија на 47. издание на фестивалот „Ворлдфест Хјустон“ што неодамна се одржа во американската држава Тексас.
„Со оглед на тоа што сценариото и самиот филм беа во подготовка некои две-три години наградата е врв и една огромна радост за мене лично затоа што и „Влакна“ е доста интимен проект. Го работев со навистина голема страст и таа страст некако се пренесе на сите членови на екипата, така што наградата е значајно признание за сите нас. Особено затоа што работевме во навистина тешки услови... мал буџет и ограничени ресурси...а сакавме да направиме нешто поинакво, нешто што досега можеби и не е видено во Македонија“, истакнува Венинова.
Во оваа крими-сторија за една детективка која истражува убиство на мало девојче со влакно како клучен доказ во случајот главните улоги ги толкуваат македонската актерка Ирена Ристиќ и Бојан Жировиќ од соседна Србија. Во филмот играат и Слаѓана Вујошевиќ, Марија Арсенкова и Трајче Црвенов. Директор на фотографија е Димо Попов, автор на музиката - Дејан Спасовиќ, за сценографијата се погрижија Филип Велковски и Никола Анѓелковски, монтажата е на Бошко Столиќ, а изборот на костими го направи Верица Андреевска – Спасовиќ.
„Влакна“ досега беше прикажан на фестивалите „Браќа Манаки“ и „Синедејс“, а по учеството на фестивалот во Хјустон, во деновите од изминатиот викенд го виде и публиката на интернационалниот „Норт Холивуд Синефест“ во Лос Анџелес, Калифорнија.
Продуцентот Небојша Илиевски вели дека и натаму остануваат да бидат присутни на фестивалите низ Америка бидејќи увиделе дека тој начин на пишување и продукција таму го препознаваат, а потем ќе следува дистрибуцијата во балканските држави и низ Европа.
„Европа ни е исто така таргет, меѓутоа она што е интересно е што си пожелуваме филмот да го оспособиме и да го дистрибуираме за прикажување на телевизии. Тоа е нов тренд, можеби звучи невозможно, но ете тоа е еден од плановите за нашето натамошно делување во правец на прикажувањето на „Влакна“.“
Од друга страна, мотивирана од ваквиот след на настаните Елеонора Венинова го подготвува и својот нов проект – документарецот за поетесата Искра Донева.
„Тоа е мојот следен проект на кој што му пристапувам со речиси еднаква страст како и на „Влакна“, затоа што мислам дека ако само така им пристапуваме на работите, на соновите и на сценаријата кои што ги пишуваме, можеме да постигнуваме вакви резултати. “
Кон ова само уште информацијата дека „Влакна“ беше поддржан од Филмскиот фонд на Република Македонија, а освен активистичкото вклучување на поголемиот дел од тимот во неговата реализација, остварувањето исто така го поддржаа и ОВС Индустрис, „Лице в лице“ - регионалната платформа за активизам и Агенцијата за социјален адвертајзинг „Партес“.
Со оглед на тоа што сценариото и самиот филм беа во подготовка некои две-три години наградата е врв и една огромна радост за мене лично затоа што и „Влакна“ е доста интимен проект.Елеонора Венинова, режисерка и сценаристка.
„Со оглед на тоа што сценариото и самиот филм беа во подготовка некои две-три години наградата е врв и една огромна радост за мене лично затоа што и „Влакна“ е доста интимен проект. Го работев со навистина голема страст и таа страст некако се пренесе на сите членови на екипата, така што наградата е значајно признание за сите нас. Особено затоа што работевме во навистина тешки услови... мал буџет и ограничени ресурси...а сакавме да направиме нешто поинакво, нешто што досега можеби и не е видено во Македонија“, истакнува Венинова.
Во оваа крими-сторија за една детективка која истражува убиство на мало девојче со влакно како клучен доказ во случајот главните улоги ги толкуваат македонската актерка Ирена Ристиќ и Бојан Жировиќ од соседна Србија. Во филмот играат и Слаѓана Вујошевиќ, Марија Арсенкова и Трајче Црвенов. Директор на фотографија е Димо Попов, автор на музиката - Дејан Спасовиќ, за сценографијата се погрижија Филип Велковски и Никола Анѓелковски, монтажата е на Бошко Столиќ, а изборот на костими го направи Верица Андреевска – Спасовиќ.
Европа ни е исто така таргет, меѓутоа она што е интересно е што си пожелуваме филмот да го оспособиме и да го дистрибуираме за прикажување на телевизии.Небојша Илиевски, продуцент.