Проруските протести и упадот во владини згради во Харков, Доњецк, Луханск, за официјален Киев претставуваат продолжение на сценариото што Москва го примени при анексијата на Крим.
Украинскиот премиер Арсениј Јацењук ја обвини Москва за предизвикување сепаратистички превирања во источниот дел на земјата.
Еден од условите на Западот да не преземе натамошни мерки против Москва е таа да не презема чекори во Украина и другите соседни земји.
Русија од своја страна изрази добра волја да разговара за Украина. Меѓутоа, дел од западните аналитичари, не се уверени во исходот од таквите раговори.
„Сосема е јасно дека руските услови изнесени на тие разговори нема да бидат прифатливи за Соединетите Држави, или што е поважно за Украина“, се наведува во коментарот објавен во американскиот „Нејшнал интерест“, потсетувајќи на изјавата на командантот на НАТО, генерал Филип Бредлав дека Русите би можело да ги заземат јужниот и источниот дел на Украина за три до пет дена.
Во дебатите за американскиот одговор на руската анексија на Крим стана јасно дека Америка нема да завојува со Русија. За жал, сигурноста на политичарите можеби се засновува врз опасни погрешни претпоставки.
Најголемата меѓу нив, е дека како најдоминантна светска воена сила, Соединетите Држави решаваат дали да влезат во војна или не.
По двете големи војни во Авганистан и Ирак, плус интервенциите на Балканот и Либија и одлуката да се прескокне Сирија, Американците ја прифатија идејата дека можат комотно да дискутираат за воените опции додека другите чекаат, бидејќи никој не се осудува да ги предизвика.
Притоа, политичарите би требало да се присетат на изјавата на еден од советските лидери Лав Троцки: „Вие можеби не сте заинтересирани за војна, но војната е заинтересирана за вас“.
Дали Русија директно ќе ги нападне американските сили? Тоа е неверојатно, со оглед на фактот што го признава и самата Русија, дека Соединетите Држави се подобро вооружени.
Она што Путин точно го предвиде дека Вашингтон нема воено да одговори на неговите акции досега, не значи дека тој и натаму точно ќе проценува. Ова е поврзано со втората претпоставка дека САД, Путин, ЕУ и новата украинска влада ќе можат колективно да ги контролираат настаните.
Релативното отсуство на насилство на Крим беше извонредно. Но, условите во источна и јужна Украина се попроблематични и можат да се влошат.
Некои сметаат дека санкциите ќе ја натераат Москва да го смени курсот и да се избегне вооружен конфликт. Ова популарно мислење лежи врз третата претпоставка дека санкциите се алтернатива на војната, а не вовед во неа.
Но, за разлика од Иран, Ирак и Северна Кореја, овој пат станува збор за светска нуклеарна супер сила која тешко може да се претпостави како ќе одговори на дополнителни економски притисоци, се наведува во коментарот на „Нејшнал интерест“.

По двете големи војни во Авганистан и Ирак, плус интервенциите на Балканот и Либија и одлуката да се прескокне Сирија, американците ја прифатија идејата дека можат комотно да дискутираат за воените опции додека другите чекаат, бидејќи никој не се осудува да ги предизвика.