„Државата пред се“ е паролата на актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за престојните избори. „Македонија заслужува претседател“ е пораката на кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски. Кандидатот на ДПА Илјаз Халими атакува на гласачите со паролата „За Албанец Претседател“. Кандидатот на ГРОМ Зоран Поповски пак порача дека нема да биде послушник, туку ќе биде непартиски претседател.
Кампањата влезе во третиот ден, а претседателските кандидати веќе имаа можност на митинзите низ земјата да се претстават на граѓаните. Од СДСМ велат дека Пендаровски во своите говори им се обраќа на сите граѓани без разлика на која партија се симпатизери.
Политичкиот аналитичар Соња Стојадиновиќ вели дека многу лесно можат да се определат целните групи на кандидатите за претседател.
„Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов претпоставувам дека цели на сите членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, Стево Пендаровски на членовите и симпатизерите на СДСМ, Илијаз Халими на целото албанско гласачко тело, а кандидатот на ГРОМ цели на неопределените.“
Политичкиот аналитичар Алјадин Демири вели дека кампањата отвори едно поглавје кое е веќе познато, а тоа е дека кандидатите се обраќаат на партискиот електорат.
„Освен кандидатот на ГРОМ кој веројатно сметајќи дека електоратот му е мал, се обидува да се обрати на сите граѓани и кандидатот на ДПА кој сепак се обраќа на сите граѓани, односно на сите Албанци.
Иванов, според него се обраќа само на приврзаниците на ВМРО ДПМНЕ, а Пендаровски не е јасен.
„Иванов, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, војнички се осврнува и граѓаните ги третира како ВМРО, со веќе познатите партиски слогани, и со пораките – Не го менуваме името, не го даваме идентитетот. Додека пак Пендаровски се обидува да се обрати со некои небулозни визии, но не дообјаснува и не прецизира што значи Македонија за него и каква Македонија сака.“
Според Стојадиновиќ, тие не можат да се борат за гласачите на другите кандидати, бидејќи тоа може да им донесе негативни поени кај партиските членови.
„Тие не се „замараат“, бидејќи негативна би се одразило кон лојалното гласачко тело од партиите кои ги претставуваат.“
Демири порачува дека кандидатите не откриваат нешто прецизно во кампањата бидејќи сметаат дека тоа ќе им штети. Претседателските избори ќе се одржат на 13 април.
Ѓорѓе Иванов претпоставувам дека цели на сите членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, Стево Пендаровски на членовите и симпатизерите на СДСМ, Илијаз Халими на целото албанско гласачко тело, а кандидатот на ГРОМ цели на неопределените.Соња Стојадиновиќ, политички аналитичар.
Кампањата влезе во третиот ден, а претседателските кандидати веќе имаа можност на митинзите низ земјата да се претстават на граѓаните. Од СДСМ велат дека Пендаровски во своите говори им се обраќа на сите граѓани без разлика на која партија се симпатизери.
Политичкиот аналитичар Соња Стојадиновиќ вели дека многу лесно можат да се определат целните групи на кандидатите за претседател.
„Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов претпоставувам дека цели на сите членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, Стево Пендаровски на членовите и симпатизерите на СДСМ, Илијаз Халими на целото албанско гласачко тело, а кандидатот на ГРОМ цели на неопределените.“
Политичкиот аналитичар Алјадин Демири вели дека кампањата отвори едно поглавје кое е веќе познато, а тоа е дека кандидатите се обраќаат на партискиот електорат.
Иванов, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, војнички се осврнува и граѓаните ги третира како ВМРО, со веќе познатите партиски слогани. Додека пак Пендаровски се обидува да се обрати со некои небулозни визии,Алајдин Демири, универзитетски професор.