Во куќа со субстандардни услови-тесни одаи, многу скалила и тоалет во дворот, семејството Трајковски го одгледува 38-годишниот син Миле, кој од раѓање е болен од церебрална парализа. Мајката Добрица секојдневно по неколку пати го крева синот за да го стави во количка, па да го качи по скалите и да го однеси до тоалет, а потоа истиот пат го минуваат за назад. Но, со годините и опадна силата.
„Имаме дете со церебрална парализа и немаме услови за да го гледаме. Тежок е животот на неговото одгледување. Имаме куќа, но нема комфор, по скали го качуваме, а и купатилото ни е надвор во гаража. Многу е тешко кога треба да ја обавам неговата хигиена и да го избањам, треба в раце да го носам од купатилото до собата каде треба да го облечам. Јас имам 62 години и здравјето ми попушта и секој ден ми е сè потешко“, вели мајката Добрица Трајковска.
Семејството подолго време бара од државата локација за да изгради куќа со потребни услови или да им дадат социјален стан. Мајката и таткото велат болните од церебрална парализа немаат привилегија кога им се решава станбеното прашање пред другите категории на граѓани, иако животот им е многу тежок.
„Бараме локација да биде во градското подрачје или евентуално стан погоден за детето. Локација ако дадат, сами ќе ја направиме куќата. Сум бил и во општина, ќе одиш кај овој, кај оној и години така. Лани конкуриравме за становите солидарни за инвалиди, зашто имаме куќа, а таа, пак, за детето не е погодна“, додава таткото Симеон Трајковски.
Од Центарот за социјални работи велат дека тие не решаваат за станбени прашања. Она што е во нивна надлежност му го исплаќаат на Миле како додаток за туѓа нега, за мобилност, парична помош за лица кои не се сместени во установа, а овозможен му е и престој во дневен центар.
Од Општина Битола велат дека во моментот не располагаат со земјиште кое е адекватно на нивните потреби. Доколку би го имале ќе мораат да го доделат преку лицитација, а активности со државно земјиште од Антикопрупциска комисија се забранети пред избори.
Имаме куќа, но нема комфор, по скали го качуваме, а и купатилото ни е надвор во гаража. Многу е тешко кога треба да ја обавам неговата хигиена и да го избањам, треба в раце да го носам.Добрица Трајковска, мајка на болниот Миле.