Вие бевте второобвинет во случајот Фаланга 2. Дали македонскиот суд досега пред вашето патување во изминатава година се обиде да ве контактира или да дојде до вас, да побара од Србија да ве уапси или слично, за да ве доведе во македонскиот суд?
Ништо, никаков контакт не сум имал со судот. Јас излегов некаде во почетокот на април месец од Скопје и по три дена ги уапсија овие луѓе меѓу кои се наоѓаат и три, четири мои пријатели, а тие мене не ме известија ништо. Тие мене на товар ми ставаат дека во 2010 година сум работел со сведокот Иле, но јас него го запознав во 2011 година и се утврди дека лажел дека сме се сретнале во Вила Марија каде што има надзор, каде што се потпишува кој влегува и излегува, и утврдено е непобитно дека тој никогаш не бил таму, а особено не со мене. Тоа е прва работа, тој не може да биде сведок затоа што лажел под заклетва. Втора работа, тврделе дека сум добивал дозволи за полесен извоз на стока од Македонија од Илија Бојчевски, а јас му реков на неговиот адвокат дека треба да провери на граница, мора да има копија од тие дозволи. Кога тој го соопшти тоа во судот, тие моментално го променија обвинениетоп и во неа повеќе не ги спомнуваат тие дозволи, значи тие си играат со човечки животи, па тие луѓе лежат 11 месеци како да го потепале половина Скопје.
Вие поминавте два месеци во притвор во Германија. Кое беше на крај објаснувањето на германскиот суд кога ве ослободија од притвор?
Во обвинението не постои ниту еден материјален доказ, се оперира само со „рекла-казала“, ако е тоа она што тие го сакаат, тогаш нивната тужба е во ред, но во Германија постои судство коешто си ја работи својата работа, и кога јас дојдов на ред, кога ја прегледаа тужбата, тужбата дури беше и смешна, јас мислам дека дури е упатена и нота до македонскиот Интерпол да не го злоупотребува Интерпол за такви цели. Јас го предадов тоа во Визбаден да се тргне тоа од сите страни, затоа што мене никој не ме информирал, прво од формални причини тие не можат ништо да тераат затоа што мене никој не ме известил, ниту ми испратиле тужба, ништо, јас дознав од сосема друг начин, од сосема други луѓе, тоа е катастрофа од однос кон правосудството. Како после човек да очекува нешто од нив. Јас сакав во првиот момент кога дознав да одам во Македонија и после кога ставив прст на глава си реков дека треба да бидам полуидиот да отидам таму. Ако во Македонија сум следен од 2009 година, тие можеа мене да ме уапсат 100 пати, можеа да ми наместат преку тој Иле, некој полицаец да ми продаде нешто па да ме уапсат, па тоа тогаш би личело на некое обвинение, а не овој купил од некои лица некои цевки, па ми ги продал мене, но нема ниту еден материјален доказ за тоа. Овие луѓе за кои ги познавам, можам да тврдам, да се оградам дека со мене немале ништо, ако имале нешто приватно на друга страна нека секој си го понесе свој товар.
Бојчевски тврдеше дека вие еден од главните луѓе кои им помогнале во Фаланга 1?
Не, јас бев само повикан затоа што претходно се познавав со вашиот директор на музејот, покојниот Милан, тој ме повика затоа што сум доста стручен, да не се фалам сега, за проценка, и тогаш ме повикаа во една прилика да погледнам што беше во Фаланга, а 99 проценти од тоа сè беше фалц, јас тоа им го кажав, и ништо друго. Слушам дека велат оти ми плаќале сместување, храна, не е точно, никогаш во животот.