Достапни линкови

Пратеници по мерка на партиите, а не на граѓаните


Додека партиите ги составуваат листите и бираат кој ќе биде носител, граѓаните велат дека е важно што ќе понудат партиите, но важно е и кои луѓе ќе се најдат на листите.

Да биде човек од народот, да биде чесен и да е одговорен, да ги застапува интересира на тие што го гласале и да мисли со своја глава. Вакви карактеристики, според граѓаните, треба да имаат идните народни пратеници.
Додека партиите ги составуваат листите и бираат кој ќе биде носител, граѓаните велат дека е важно што ќе понудат партиите, но важно е и кои луѓе ќе се најдат на листите. Анкетираните граѓани сакаат во парламентот да видат нови лица, но сепак има и некои од стариот состав што биле добри.
За паметен човек кој би гласал само по сопствено наоѓање, а не за полтрончиња.
Коментар на читател.

„За паметен човек кој би гласал само по сопствено наоѓање, а не за полтрончиња.“

„Старите може да останат, поискусни се и подобри се, јас сум повеќе за старата постава.“

„Тие партиски се спротивставуваат таму, но никаква корист нема државата од тоа.“

Досега немаме некоја пракса кадешто пратениците одлучуваат по своите убедувања, односно гласаат по своите убедувања во Парламентот.
Исмет Рамадани, политички аналитичар.
„Пратениците, особено оние од мнозинството си ја застапуваат линијата на партијата и на владата.“
При изборот на пратеници се применува пропорционалниот изборен систем со затворени листи во шест изборни единици. Од минатиот состав во собраниските клупи седат плус три пратеници од дијаспората со што вкупниот број изнесува 123. Досегашното искуство покажа дека партиите поретко се решаваат за нови лица, туку настапуваат со луѓе со долг пратенички стаж.

Политичкиот аналитичар Исмет Рамадани, кој има и пратеничко искуство вели дека изборниот модел е таков што овозможува пратениците да бидат зависни од партиските лидери. Но тоа не треба да причина пратениците да не размислуваат со своја глава и да не бараат повеќе права за граѓаните кои ги застапуваат, вели Рамадани.

„Досега немаме некоја пракса кадешто пратениците одлучуваат по своите убедувања, односно гласаат по своите убедувања во Парламентот, затоа што за жал Парламентот беше зависен и сервилен, а пратеникот беше зависен од партијата.“

Во собраниските столчиња за време на седмиот мандат имало најмногу правници, економисти и лекари. Според податоците во собраниската публикација „Мојот пратеник“, за периодот јули -декември 2013, се гледа дека собранието работело со полна пареа, но дека голем дел од пратениците биле отсутни и мрзеливи, односно ниту еднаш не зеле збор. Во тој период воопшто не дискутирале 33 пратеници, а од седниците ниту еднаш не отсуствувале 36 пратеници.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG