Снежана Стојчевска, Сања Бежовска, Виолета Сековска, Слаѓана Клукачка, Ана Вељановска, Искра Донева, Биба Исмаил, Маја Филиповиќ, Пунторије Муча Зиба се само некои од петнаесетината авторки кои ќе учествуваат на промоцијата „Поетско женско писмо“ што треба да се случи во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје.
Целта на овој културен настан, како што забележува поетесата Марина Мијаковска, е потреба да се направи едно поетско здружување и обединување, односно едно поетско сестринско промовирање на припадничките на новата генерација на македонски поетеси. Таа дополнува дека професорката Јасна Котеска во нејзината студија за женското поетско писмо прави генеологија на генерациите македонски поетеси, меѓутоа тие всушност на еден ваков начин сакаат да покажат дека постои и нова, петта генерација на авторки врз чие творештво во случајов сакаат да го стават акцентот.
„Целта е да се покаже дека постои македонско женско поетско писмо и ова писмо внесува одредена другост и одредена промена во однос на македонскиот поетски канон“, вели Мијаковска.
Елена Пренџова, пак, истакнува дека „женското писмо е говорот на субалтерниот, кој не подразбира нужно да е женско по пол и род. Женското писмо, потенцира таа, суштински подразбира обработување теми поврзани со маргинализираноста, но и „женската“ перспектива на „машката“ социо-родова доминанта.
„Велам „женската“ во наводници и „машката“ во наводници, затоа што станува збор за општествен, а не биолошки конструкт. Во Македонија постојат многу поетеси и малкумина поети кои пишуваат „женски“, не само за своите лични чувства и ставови, туку претставуваат и крик на сите замолчени гласови кои јачат поинаку од масовниот стереотип. Поетесите преку своите дела несомнено нудат различни аспекти на она што со едно име се нарекува „женско писмо“, а тоа секако вреди да се чуе и прочита“, вели Пренџова.
Инаку, идејата водилка за здружување и заеднички јавен настап ја зачнале неколку млади поетеси, за да потем кругот полека се проширува и листата на учеснички од различни генерации и националности се зголемува. Од таму, сосема разбирливо е што Мијаковска подвлекува дека акцијата може да се разбере и како обединување на сите поетеси во Македонија без разлика на јазикот на кој што тие творат.
„Женското писмо поетесите го пишуваат низ нивниот внатрешен глас и бојата и мирисот на утробата преку која што се создава поезијата. Затоа сметаме дека преку ваквото обединување и вклучување на етникумите, ние создаваме едно видување на македонската поезија во рамките на нашата држава, меѓутоа и на поезијата што се пишува на другите јазици. Едноставно, женското писмо не познава јазици, туку важен е гласот низ кој што говори другоста – женската другост. Без разлика на кој јазик е напишано тоа писмо – дали е тоа на македонски, албански, турски, српски, влашки и т.н“, вели Мијаковска.
Целта е да се покаже дека постои македонско женско поетско писмо и ова писмо внесува одредена другост и одредена промена во однос на македонскиот поетски канон.Марина Мијаковска, поетеса.
Целта на овој културен настан, како што забележува поетесата Марина Мијаковска, е потреба да се направи едно поетско здружување и обединување, односно едно поетско сестринско промовирање на припадничките на новата генерација на македонски поетеси. Таа дополнува дека професорката Јасна Котеска во нејзината студија за женското поетско писмо прави генеологија на генерациите македонски поетеси, меѓутоа тие всушност на еден ваков начин сакаат да покажат дека постои и нова, петта генерација на авторки врз чие творештво во случајов сакаат да го стават акцентот.
Поетесите преку своите дела несомнено нудат различни аспекти на она што со едно име се нарекува „женско писмо“, а тоа секако вреди да се чуе и прочита.Елена Пренџова, поетеса.