Подмладоците на политичките партии во Македонија потпишаа декларација за фер и слободни избори во организација на Институтот за економски стратегии и меѓународни односи „Охрид“. Претставници на подмладоците на 17 партии се обврзаа на организирање достоинствена кампања, фер и демократски избори без заплашувања, уцени, навреди и клевети на политичките неистомисленици, како и без притисоци за гласањето врз граѓаните.
Претседателите на политичките подмладоци порачаа дека документот не смее да биде само парче хартија што брзо ќе се заборави, туку да стане начин на однесување кој ќе демонстрира висока политичка култура. Сепак, младите опозиционери изразија надеж, но и скепса дека дека власта ќе се придржува до договорот.
Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски, рече дека со потпишувањето на Декларацијата се потврдува заложбата на подмладоците за унапредување на демократијата.
„Со активно младинско политичко учество во создавање на политиките, во нивно реализирање и успешно финиширање сметам дека можеме да придонесеме кон создавање на уште подобро и помодерно општество. Да не бидеме алатки на нашите партии, туку водечки столбови на самите. Овие наши напори, задолжително е да бидат базирани на заеднички и принципиелни вредности и цели кон кои сите ќе се стремиме, бидејќи само на ваков начин поединечниот успех ќе биде и успех на сите нас“, рече Нелоски
Претседателот на СДММ, Стефан Богоев, пак, изрази надеж дека нема да се повторат ситуациите од претходниот изборен циклус кога се носеа гласачи од Пустец и се демолираа штабови, активности во кои беа вклучени токму млади луѓе. Тој потсети и дека неодамна беше фрлена бомба пред штабот на СДСМ во Општина Карпош.
„Сето ова дава една доза на скептицизам, но како што веќе реков, надежта последна умира и надежта уште живее кај нас и се надеваме дека со ставањето на овој потпис, пред сè од владејачките подмладоци, сето ова ќе отиде во историјата. Она што ние како СДММ и СДСМ ќе се залагаме во наредниот период е целосно почитување на ова што денеска го потпишуваме, како и целосна имплементација на новиот Изборен законик и сите измени што беа во него“, рече Богоев.
Декларацијата ја потпишаа младинските организации од 17 партии, ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО–НП, ГРОМ, Демократска лига на Бошњаците во Македонија, Демократска обнова на Македонија, Демократска партија на Албанците, Демократска партија на Турците во Македонија, Демократска партија на Србите во Македонија, Демократски сојуз, Демократска унија за интеграција, Либерално-демократска партија на Македонија, НСДП, СДСМ, Социјалистичка партија на Македонија и ОПЕ.
Со активно младинско политичко учество во создавање на политиките, во нивно реализирање и успешно финиширање сметам дека можеме да придонесеме кон создавање на уште подобро и помодерно општество.Владимир Нелоски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателите на политичките подмладоци порачаа дека документот не смее да биде само парче хартија што брзо ќе се заборави, туку да стане начин на однесување кој ќе демонстрира висока политичка култура. Сепак, младите опозиционери изразија надеж, но и скепса дека дека власта ќе се придржува до договорот.
Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски, рече дека со потпишувањето на Декларацијата се потврдува заложбата на подмладоците за унапредување на демократијата.
Сето ова дава една доза на скептицизам, но како што веќе реков, надежта последна умира и надежта уште живее кај нас и се надеваме дека со ставањето на овој потпис, пред сè од владејачките подмладоци, сето ова ќе отиде во историјата.Стефан Богоев, претседател на СДММ.