Околу 300 работници во РЕК Осломеј, кои со години се вработуваат на одредено време, преку протест бараат редовно вработување. Велат дека е очигледно дека фирмата има потребна од нивен ангажман, затоа треба да прекине оваа неизвесност и еднаш конечно да го решат својот работен статус и да им се даде решение за вработување на неопределено време. Ова е, велат, нивно приоритетно барање на протестот што го организираа во кругот на фабриката.
„Моментално сме вработени преку Агенцијата за привремени вработувања Контакт бизнис од Скопје, тоа се неколку месеци во прашање, а инаку претходно сме вработени преку тендери, 6, 7 па и 8 години работиме тука во Осломеј. Вкупно сме 288 вработени, испраќаме апел до нашиот почитуван премиер Никола Груевски во кого имаме целосна доверба, и веруваме дека само тој може да ни помогне“, вели Сашо Грујоски, претставник на вработените.
Овие работници не се задоволни и затоа што, како што велат, работат на работни места како и редовно вработените, но платите им се намалени за речиси 50 отсто, во однос на нив. Велат дека се одговорни работници, кои целото работно време го минуваат на своите работни места, и кои од платата што ја добиваат ја обезбедуваат егзистенцијата за своите семејства.
„Составивме Одбор од овие луѓе што не предложија, за да разговараме и да преговараме со раководството и со релевантни структури, ние успеавме да направиме неколку средби, но конкретно ништо не добивме. Добивме некои ветувања дека можеби ќе се реши нашиот статус, ама конкретно ништо не добивме. Исто имаме поддршка од редовно вработените, добиваме сега поддршка со нивен потпис. Ние знаеме дека и сме потребни на фирмата, и сами се изјаснија дека сме потребни во фирмата“, додава Грујоски.
Од РЕК Осломеј не даваат изјави, упатуваат на ЕЛЕМ. Од ЕЛЕМ, пак, објаснуваат дека со фактот што овие работници добиваат решенија со кои им се продолжува ангажманот, им се исплаќаат редовно плати и придонеси согласно со законот, фактички е направен првиот чекор во решавање на нивните социјални проблеми. Сега има се исплаќа плата од 13.000 до 20.000 денари. Но, ако се создадат услови во фирмата и доколку работниот процес го наложи тоа, можеби во иднина би биле ангажирани со статус на редовно вработени.
Вкупно сме 288 вработени, испраќаме апел до нашиот почитуван премиер Никола Груевски во кого имаме целосна доверба, и веруваме дека само тој може да ни помогне.Сашо Грујоски, претставник на вработените.
„Моментално сме вработени преку Агенцијата за привремени вработувања Контакт бизнис од Скопје, тоа се неколку месеци во прашање, а инаку претходно сме вработени преку тендери, 6, 7 па и 8 години работиме тука во Осломеј. Вкупно сме 288 вработени, испраќаме апел до нашиот почитуван премиер Никола Груевски во кого имаме целосна доверба, и веруваме дека само тој може да ни помогне“, вели Сашо Грујоски, претставник на вработените.
Составивме Одбор од овие луѓе што не предложија, за да разговараме и да преговараме со раководството.Сашо Грујоски, претставник на вработените.