Украинската служба за безбедност соопшти дека на национално ниво започнува анти-терористичка операција како одговор на најновите немири во кои најмалку 26 луѓе загинаа.
Шефот на служба за безбедност Олександар Јакименко изјави дека во текот на изминатите неколку дена, околу 1.500 парчиња огнено оружје и 100.000 куршуми завршиле во рацете на, како што рече, „криминалци“. Според Јакименко, радикални и екстремистички групи претставуваат реална закана за животите на милиони Украинци.
Претседателот Виктор Јанукович бил информиран за антитерористичката операција, која ќе се спроведува во соработка со Министерството за одбрана. Илјадници демонстранти во напната ситуација и натаму се на плоштадот на независноста во Киев.
Во меѓувреме е соопштено дека министри за надворешни работи на ЕУ од Франција, Полска и Германија ке го посетат Киев во пресрет на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ утре во Брисел.
Францускиот претседател Франсоа Оланд се заложи за наметнување санкции на оние кои стојат зад смртоносното насилство меѓу полицијата и демонстрантите во Украина.
Тој на прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел во Париз изјави дека ЕУ ќе бара и политичко решение во Украина. Шефот за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон, ги повика. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров го предупреди Западот да не се обидува да наметне „нападно“ посредување.