Организации од сите страни на политичкиот спектар во Украина почнаа да формираат безбедносни патроли за да го вратат редот во нивните градови. Групите за самоодбрана набрзина беа формирани во источниот проруски дел на земјата, традиционална база на претседателот Виктор Јанукович со цел да ги спречат демонстрантите да ја земат контролата врз локалните администрации.
Во проевропскиот западен дел на Украина, каде што локалните жители ги поддржуваат проевропските протести во Киев, исто така почнаа да се формираат патроли за да ги чуваат општинските згради кои деновиве беа заземени од демонстрантите.
Токму ваквите групи за самозаштита, според експертите, наместо да го вратат редот само ќе предизвикаат нови насилства и поделби во земјата.
„Постои ризик тие да се судрат. Тоа е крајно опасно сценарио кое никој не ќе може да го контролира“, вели Тарас Березовец, политички аналитичар од Киев.
Симпатизерите на претседателот Јанукович, вклучувајќи Козаци и воени ветерани од Авганистан, веќе и се најдоа на полицијата во справувањето со проевропските протести и во спречувањето на демонстрантите да влезат во зградите на градските управи во Одеса, Черкаси, Запорожје.
Охрабрени од ваквиот успех, тие почнаа да се организираат во специјални сили за чување на редот.
„Национално единство“ е една од неколкуте групи со негативен став спрема Европската унија која регрутира млади доброволци во Одеса.
Според лидерот на организацијата 28 годишниот Антон Давидченко, во изминативе неколку дена се пријавиле над илјада доброволци кои биле подготвени, ако е неопходно, да земат оружје во рака против демонстрантите.
„Ги повикуваме сите да останат мирни и се надеваме дека нема да има потреба овие единици да бидат инволвирани во конфликтни ситуации. Но, во нашата земја подобро е да бидеш подготвен на секаква евентуалност. Ако дојдат со оружје ќе одговориме со оружје.“
Украинските власти соочени со недостиг на полицајци и со се поголем број радикални демонстранти, ги поддржуваат ваквите иницијативи.
Некои опозициски активисти сметаат дека властите со ваквите единиции сакаат натамошни провокации.
Но, слични групи за самозаштита се појавија и во западниот дел на Украина. Андриј Соколов, координатор на протестите во Лвов вели дека веќе имало 500 граѓани кои се пријавиле доброволно.
„Наскоро ќе можеме да зборуваме за формирање сериозна организација способна да ги брани демократијата, татковината и Уставот. Ситуацијата во Украина е опасна. Постои страхување дека режимот ќе удри и во Лвов.“
Соколов додава дека како и во Киев, поранешни воени офицери им даваат часови по обука за самоодбрана.

Ги повикуваме сите да останат мирни и се надеваме дека нема да има потреба овие единици да бидат инволвирани во конфликтни ситуации. Но, во нашата земја подобро е да бидеш подготвен на секаква евентуалност.