Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиуми, Дуња Мијатовиќ, при посетата на Скопје побара од Владата целосна транспарентност во рекламирањето, бидејќи, според неа, тоа му нанесува штета на медиумското опкружување во земјата. Но, Владата години наназад не открива колку пари годишно троши на рекламирање. На медиумите секојдневно можат да се сретнат реклами од владата за се и сешто. Од отчет за сработеното, за спроведување на реформите, информирање за разни проекти, против абортусот, како и пораки да бидеме иновативни.
Поранешниот претседател на Советот за радиодифузија Мирче Адамчевски вели дека се работи за милионски суми.
„Јас не можам да кажам дали трошењето е законско или незаконско. Можам само да кажам дека оваа влада троши многу пари кои сигурно се мерат со милиони евра. Тоа е нивна практика и стил на работење и владеење, кој ќе продолжи и понатаму, а почетоците се многу години наназад“, вели Адамчевски.
Тој додава дека не очекува владата да биде транспарентна и податоците за трошењето на парите се третираат како државна тајна.
„Тоа значи дека и натаму ќе продолжи со таквиот начин на рекламирање и да купува одредени медиуми. Значи дека тие медиуми ќе мора да одработуваат за владата без разлика дали ќе сакаат или не. Сето тоа наведува до нарушување на пазарот на медиуми во државата. Едни медиуми се наградуваат и добиваат пари. Додека други се доведуваат во незавидна положба“, додава Адамчевски.
Комуникологот Климе Бабунски вели дека во ваква изместена ситуација, која гарантира се освен плуралност во медиумите владата треба по примерот на другите демократски земји парите за рекламирање да ги дава на помалите медиуми.
„Апсурдот овде е тотален, бидејќи испаѓа дека оние што најмногу обезбедуваат реклами добиваат и најмногу приходи од владините пари. Тоа нема никаква логика, бидејќи ако некој успеал на пазарот да собере реклами тогаш за да се обезбеди плуралност јавните пари треба да бидат давани на другите медиуми кои немаат таков удел во колачот на реклами“, вели Бабунски.
Извештајот на експертски тим на Европската комисија во минатата година покажа дека Владата има годишен буџет од над 20 милиони евра за рекламирање и е најголем огласувач во медиумите.
Оваа влада троши многу пари кои сигурно се мерат со милиони евра. Тоа е нивна практика и стил на работење и владеење, кој ќе продолжи и понатаму.Мирче Адамчевски, поранешен претседател на Советот за радиодифузија
Поранешниот претседател на Советот за радиодифузија Мирче Адамчевски вели дека се работи за милионски суми.
„Јас не можам да кажам дали трошењето е законско или незаконско. Можам само да кажам дека оваа влада троши многу пари кои сигурно се мерат со милиони евра. Тоа е нивна практика и стил на работење и владеење, кој ќе продолжи и понатаму, а почетоците се многу години наназад“, вели Адамчевски.
Тој додава дека не очекува владата да биде транспарентна и податоците за трошењето на парите се третираат како државна тајна.
Апсурдот овде е тотален, бидејќи испаѓа дека оние што најмногу обезбедуваат реклами добиваат и најмногу приходи од владините пари.Климе Бабунски, комуниколог.