Ова е едно од прашањата кои сè почесто си ги поставувавме кога разговараме за тоа каква ни е државата, какви ни се младите, во каква состојба сме, дали владее апатија и незадоволство кај младите, има ли иднина тука кај нас...?
Но дали е ова така, дали е само чувство или реалност, постои ли сè уште активизам кај младите, нешто што треба да ги води напред, а со самото тоа и да се променува општеството. Состојбата која ја евидентиравме во 2010 со истражувањето за „Младинските трендови“ е следна: 25 отсто од младите во Република Македонија, најголем дел од своето слободно време го поминуваат пред компјутер и на интернет, а во исто толкав процент (25 отсто) млади слободното време го искористуваат со друштво по кафулиња или пред телевизор, или вкупно 50 отсто од младите се неактивни. Наодите од ова прашање укажуваат дека младите многу малку активно го користат своето слободно време. Ако поголемиот дел од денот исполнет со обврски го поминале седејќи на училиште, факултет или на работното место, тие остатокот од слободното време го поминуваат седејќи пред компјутер, телевизор или во кафуле.
Загрижуваше фактот што оваа состојба е евидентирана уште со истражувањето „Основната студија за младински трендови“ во 2003, со мали измени во редоследот, поради напредокот на информатичката технологија времето поминато пред компјутер и на интернет е драстично зголемено. Ова покажува дека ништо не е направено во изминатиот период што би ги мотивирало и поттикнало младите на поинаков начин да го користат своето слободно време. Оваа состојба не е променета ни во 2013 година, што го потврдува и истражувањето кое го спроведовме за потребите на креирање на Стратегија за млади на Град Скопје. Согласно ова истражување, 27 отсто од младите изјавуваат дека слободното време го поминуваат по кафулиња со друштво и пред телевизор, додека 24 отсто изјавуваат дека слободното време го поминуваат на интернет.
Ако ги следиме бројките од истражувањата ќе увидиме дека ситуацијата станува алармантна од година во година, бидејќи процентот бележи раст, наспроти опаѓање. А и не мора да ги следиме истражувањата, доволно е да излеземе надвор на улица и да го запрашаме било кој млад човек, ќе ги добиеме истите одговори. Истите разговори се плетат и во кафулињата, каде младите неформално изразуваат дека е досадно, нема што да се прави, интернетот и телевизорот и тоа па тоа...
Но, зошто е тоа така? Сè повеќе е евидентно дека посетата на културни манифестации е измината приказна за секој млад човек. Изградените нови спортски објекти не го привлекоа нивното внимание и не се насочија кон спортски активности, нема ни други активности каде ќе се забележи нивната ангажираност.
Оние млади кои се во образовниот процес, нивната преоптовареност со нови програми, предмети, испити, екстерни оценувања, тестови и што уште не, ги прави да бидат под постојан стрес, па во она време кое им останува се обидуваат да излезат од овој свет и да влезат во виртуелниот, на интернет или во оној на актуелните турски серии. Оние, пак, другите кои го завршиле своето образование се соочуваат со главниот проблем, невработеност. Ако ја следиме оваа анализа на сите ќе ни биде јасно зошто никој нема време за младинска ангажираност.
Бројни беа напорите на невладините организации да го промовираат волонтирањето како алатка за подобро развивање на младите, стекнување со нови знаења и вештини, но и работна навика. Во последно време како да замре и тој тренд. Никој од младите не сака да волонтира, намалена е довербата во волонтирањето како добротворна работа преку која може да се помогне на другите, но и на себе си. Овде битно влијание има трендот на волонтирање во јавните институции, кој за жал секој млад човек го гледа како можност за идно вработување во институцијата каде волонотира.
Можеби се и во право, ако видиме дека голем број на млади веќе обезбедија вработувања преку првично волонтирање во јавните институции. Овие случаи битно влијаат на демотивацијата на младите за волонтирање, но и кога ќе го слушнат зборот веднаш ги асоцира на вработување во јавната администрација, па кога ќе ја видат понудата дека доаѓа од здружение на граѓани (невладина организација - термин подобро разбирлив за широкото граѓанство) не ни помислуваат да се пријават. Е тука замрува и последната надеж за младинскиот активизам, за можноста да се стори нешто повеќе и за другите, да се направи чекор во подобар систем, подобро општество.
Од оваа состојба мора да се бега. Неопходно е да се делува и врз младите, но и врз политичарите и институциите. Потребни се субвенционирани мерки за поддршка на волонтерството, на младинскиот активизам во здруженијата на граѓани, во хуманитарни организации, во спортски друштва. Европските искуства говорат дека веќе една деценија и националните и локалните власти ги поддржуваат невладините организации за секој вклучен волонтер или испратен волонтер на волонтерска работа. Оваа поддршка е неопходна за да се развива духот на волонтерството кај младите, да почувствуваат дека и тие се креативни, активни и можат да помогнат во заедницата во која живеат и на своите врсници и на своите соседи. Следната интервенција мора да биде кај младите, да се делува едукативно на нив, да се мотивираат за да станат активни, зошто седењето пред интернет и пред телевизор нема воопшто да го подобри нивниот живот, ниту, пак, ќе го подобри животот на нивните врсници и другари.
Само координиран процес, преку кој институциите ќе дадат поголемо признавање на младинската работа, на волонтерството, на младинските и спортските клубови ќе резултира со поголема активираност и ангажираност на младите. Во спротивно ќе има нови турски серии, нови социјални мрежи на интернет, но демотивирани и депресивни млади кои нема да ја променат иднината и да придонесат за подобро утре на идните генерации.
Никој од младите не сака да волонтира, намалена е довербата во волонтирањето како добротворна работа преку која може да се помогне на другите, но и на себе си.

Само координиран процес, преку кој институциите ќе дадат поголемо признавање на младинската работа, на волонтерството, на младинските и спортските клубови ќе резултира со поголема активираност и ангажираност на младите.