Партиско-политички препукувања и вработувања години наназад, локалното претпријатие „Водовод“за водоснабдување на Куманово го доведоа до финансиски колапс. Неизвесно е секој момент дали граѓаните ќе имаат вода или ќе станат заложници на долгогодишните политички несогласувања помеѓу партиите на власт на локално и на централно ниво.
Плаќањето од „Водовод“ на „ЈП „Водостопанство-Кумановско-Липковско Поле“ за сирова вода е невозможно, поради блокираната сметка на „Водовод“ од долговите кон поранешното ЈП „Водостопанство“ во ликвидација. За надминување на проблемот се бара помош од надлежните институции во Владата на Македонија. При тоа политиката треба да се пренебрегне, оти кумановци ги очекува нова водна криза, вели Горан Стојковски директор на „Водовод“.
„Бидејќи имаме подобрена состојба и приливи во Водовод, дадовме предлог над некои 12 милиони денари, два милиона да одат за актуелното „Водостопанство“ и еден милион денари да одат на сметка на „Водостопанство“ во ликвидација, за да може пред се, двете актуелни претпријатија да опстанат и да има некои средства за доверителите на „Водостопанство“ во ликвидација“, вели Стојковски и додава дека во спротивно
водоснабдување на градот Куманово ќе биде доведено во прашање.
Според Стојковски политиката и партиските несогласувања помеѓу двете партии на власт длабоко ја заматиле водата. Според него демократијата подразбира и прифаќање на добрите страни на едните или на другите, но доколку е во прашање водоснбадувањето:
„Не прифаќам партиска поделеност, ниту лични партиски интереси, туку сепак интересите на градот се пред се и над се. Подготвен сум на секаков тип на договор и отстапка, за да можам слободно да кажам дека Куманово ќе има вода. Во овој момент не зависи само од „Водовод“, ниту пак од „Водостопанство-Кумановско- Липковско Поле“, бидејќи ни доставуваат вода, која ние не можеме да ја платиме поради блокада од „Водостопанство“ во ликвидација. Апсурдно, но за жал актуелно во Куманово.“
Општинските советници и од СДСМ и од ВМРО –ДПМНЕ не му дадоа поддршка на Стојковски за Предлог планот и програмата за работа во тековната година. А пред тоа не се усвоени ниту извештаите за работа во двата последни квартали од минатата година кога на чело на „Водовод“ беше Виктор Божиновски. Веројатно би било поинаку да немаше двајца советници вработени во јавното претпријатие. Затоа од правен аспект ќе се бара толкување на законот.
„Од другиот аспект сите зборуваат за интересите на граѓаните, за интерес на градот за нормално водоснабдување, а советниците се директно сместени во рамките на своите партии. Не само од ВМРО-ДПМНЕ,туку и советниците од СДСМ. Одговорно тврдам дека ако „Водовод“ и вработените во него нормално функционираат, ниту ВМРО ќе ги добие, ниту СДСМ поради тоа ќе ги изгуби изборите. Меѓутоа, многу ми е тешко ова да им го пренесам на советниците, па и на некои од вработените за да сфатат дека ние сме услужно претпријатие на градот Куманово. “
Партиските вработувања од портирот до раководителот од граѓаните ќе бидат поддржани и на наредните избори. Партиите се испречени пред овој проблем кој што е наметнат, ако не вработуваат свои луѓе ќе губат на избори, вели Стојковски и додава:
„Потребно е во самите партии да се направи еден здрав пресек, да се каже што е интерес, а што е потреба, под услов и да се изгубат наредните избори, но да се постави систем кој понатаму ќе функционира. Во Македонија е побитно кој ќе падне од власта, а не кој ќе ја добие власта.“
Кумановци кога имаат нормално водоснабдување не размислуваат ниту за политиката, ниту за партиските концепти. А кога водата ќе секне, ќе се снаоѓаат кој како знае и умее. Навикнати се да трпат, а и сметки да плаќаат, како што најчесто велат.
Не прифаќам партиска поделеност, ниту лични партиски интереси, туку сепак интересите на градот се пред се и над се. Подготвен сум на секаков тип на договор и отстапка, за да можам слободно да кажам дека Куманово ќе има вода.Горан Стојковски, Водовод.
Плаќањето од „Водовод“ на „ЈП „Водостопанство-Кумановско-Липковско Поле“ за сирова вода е невозможно, поради блокираната сметка на „Водовод“ од долговите кон поранешното ЈП „Водостопанство“ во ликвидација. За надминување на проблемот се бара помош од надлежните институции во Владата на Македонија. При тоа политиката треба да се пренебрегне, оти кумановци ги очекува нова водна криза, вели Горан Стојковски директор на „Водовод“.
„Бидејќи имаме подобрена состојба и приливи во Водовод, дадовме предлог над некои 12 милиони денари, два милиона да одат за актуелното „Водостопанство“ и еден милион денари да одат на сметка на „Водостопанство“ во ликвидација, за да може пред се, двете актуелни претпријатија да опстанат и да има некои средства за доверителите на „Водостопанство“ во ликвидација“, вели Стојковски и додава дека во спротивно
Потребно е во самите партии да се направи еден здрав пресек, да се каже што е интерес, а што е потреба, под услов и да се изгубат наредните избори, но да се постави систем кој понатаму ќе функционира.Горан Стојковски, Водовод.