Достапни линкови

Промоција на стрип албумот „Личен футуризам/јавна промоција“


Созаден во соработка со повеќе реномирани автори и визуелни уметници од Италија, Романија, Словенија, Хрватска, Босна, Србија и од Македонија, овој петок, на 17 јануари во 19 часот, во стрип книжарницата „Бункер“, ќе биде промовиран стрип албумот „Личен футуризам/Јавна политика“ („Personal Futurism/Public Politics“) зад кој како издавач застана „Продукција “ од Скопје.

ЗОГРАФ, Владимир Палибрк, Соња Кучели, Нежа Зијаниќ, Мартина Лајтнер, Ивана Арманини, Филип Андроник, Дамир Штенфил, Франко Сакети, Горан Дачев, Атанас Ботев, Дуња Јанковиќ, Каја Авбершек, Џанлука Константини, Матеј Бранеа, Маја Веселиновиќ, Миле Ничевски и Тони Димитров се авторите и визуелните уметници чии стрипови и илустрации се поместени во албумот насловен како „Personal Futurism/Public Politics“ или „Личен футуризам/Јавна политика“, што на англиски јазик го објави „Продукција“ од Скопје.
Овојпат мотивот беше да се направи нешто од срце, нешто кое што води само кон задоволство на креативниот израз. Творба која што не е оптоварена од комерцијалниот аспект или од ултимативниот висок естетски дострел.
Иванка Апостолова, уредник.

Иванка Апостолова, уредник на оваа објава, вели дека во европски контекст ваквите компилации не се нешто ново, но дека во овој случај многу било важно слепо да не се копираат трендови на веќе проверени пракси, туку да се иницира една тема, една проблематика на ниво на инспирација, на задоволство.

„Овојпат мотивот беше да се направи нешто од срце, нешто кое што води само кон задоволство на креативниот израз. Творба која што не е
Иванка Апостолова, уредник на стрип албумот „Личен футуризам/Јавна политика“.
Иванка Апостолова, уредник на стрип албумот „Личен футуризам/Јавна политика“.
оптоварена од комерцијалниот аспект или од ултимативниот висок естетски дострел. Високиот естетски дострел се постигнува непретенциозно, преку успешната комуникација на иницијаторот на проектот и оној кој што сте го повикале да соработува, во случајов разни визуелни уметници и стрип автори. “
Ние треба да се растеретиме од локалниот провинцијализам. Едноставно треба да си релаксиран и во дослух со својот уметничко-креативен капацитет. Потем се друго е релативно. Воопшто не е битно ако е добро делото од каде потекнувате, од каде доаѓате.
Иванка Апостолова, уредник на стрип албумот „Личен футуризам/Јавна политика“.

Таа дополнува дека можеби е луксуз вака да се размислува во денешно време на социјално-ангажирани уметности, на актуелно-хуманистични-општествени проблематики, демистификации како да се реши секојдневието во правец на некаков поквалитетен базичен живот, да се врати смислата на некаква блиска иднина и како гледаме кон неа, но тие сепак се решиле на тој начин да го заокружат проектот. Притоа нагласува дека и жал само што поради скромниот буџет магазинот морало да биде отпечатен во црно-бела техника што довело до тоа да изгуби многу од својата визуелна атрактивност.

„Тоа е поврзано со симболичната поддршка од Град Скопје и со
Стрип на Мартина Лајтнер, визуелен уметник.
Стрип на Мартина Лајтнер, визуелен уметник.
идејата да не се падне повторно во депресија, туку напротив со тоа што ни е овозможено финансиски да се извлече најдоброто од тоа што го имаме и што е основа на проектот“, вели Иванка Апостолова.

Говорејќи за пласманот на објавата во пошироки рамки Апостолова забележува дека ваквите изданија е најдобро да се промовираат во фестивалски рамки и посебно на манифестациите во светот кои што пофлексибилни и кои го застапуваат и меинстримот во комбинација со алтернативниот пристап. Притоа вели дека купувачите се тие кои што со неговата набавка можат да ја подржат оваа уметност и затоа заедно со Владимир Битуљану од „Бункер“ планираат публикацијата на денот на промоцијата да ја понудат по промотивна, симболична цена за да проверат дали има интерес од публиката, особено кај оние кои редовно ги следат актуелностите во стрипот.

Од друга страна, запрашана за местото на македонските стрип творци и нивните естетики во пошироки, регионални рамки уредничката на магазинот „Личен футуризам/Јавна политика“ забележува дека токму ова издание најречовито говори за нивните високи дострели.

„Ние треба да се растеретиме од локалниот провинцијализам. Едноставно треба да си релаксиран и во дослух со својот уметничко-креативен капацитет. Потем се друго е релативно. Воопшто не е битно ако е добро делото од каде потекнувате, од каде доаѓате. Проблемите и кочниците се секогаш пред сè се во главата, па дури потоа другиот аспект е финансиското плус-минус. Едноставно потпри се на тоа што го работиш и тоа ги отвора вратите нови предизвици конкурентни во рамките на уметноста. Еве во случајов стрип, илустрација, цртеж...така да нема никаква инфериорност.
Јас ги разбирам некои од моите колеги кои што добија стални работи, влегоа во организациски, менаџерски води...тоа знае малку да фрустрира, да те оддалечи во еден подолг период од луксузот на креирање на уметност ...но никој од нив не кренал раце од творештвото.“
XS
SM
MD
LG